Ноќеска „труело“ покрај Вардар – инспекции на терен
На 05/06.05.2026 во периодот од 21:00 до 00:30 часот во СВР Скопје, повеќе граѓани пријавиле дека во Скопје, покрај кеј на река Вардар, на подрачјата на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, во воздухот се чувствувала непријатна миризба на хемиски агенси. За настанот се известени јавен обвинител, комунални инспектори и инспектор за животна средина на Град Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.