Борут Пахор паднал од велосипед. Ги скршил клучната коска и рамото
Љубљана – Поранешниот словенечки претседател и премиер Борут Пахор е хоспитализиран по сериозен пад од велосипед додека се спушташе по Пасје Равни во Словенија. Пахор, кој е страствен велосипедист, објави на Инстаграм дека ги скршил клучната коска и рамото.
Пасја Раван е планинска област и планински превој во западна Словенија, во Полховските Доломити во близина на Љубљана. Популарен е кај велосипедистите и планинарите поради стрмните искачувања и предизвикувачките спуштања.
„Сериозен пад додека се возев со велосипед надолу од Пасје Равни. Скршив клучна коска и рамото. Сè е во ред, ја напуштив итната помош навечер, а денес веќе сум во канцеларијата на состанок со новиот млад делегат на ОН“, напиша Пахор покрај фотографија од болничкиот кревет.
Објавата првично ги загрижи неговите следбеници, но подоцна ги увери со нова фотографија на која седи на стол со ортопедска имобилизација и позира насмеан. Пахор им се заблагодари на сите што му помогнаа по несреќата, пренесува 24.ur.