Ален Исламовиќ на 15 мај во Филхармонија – вечер со хитови што не стареат


На 15 мај Скопје ќе пулсира во ритамот на рокенролот што обележа генерации. Легендарниот Ален Исламовиќгласот што стои зад некои од најголемите хитови на Бијело дугме и Дивље јагоде, пристигнува во Македонската филхармонија за концерт што ветува вистинска музичка магија. Концертот е закажан во 20 часот и е во организација на Евентум продукција.

Со препознатливата емоција и моќ што ја носи во секоја нота, Исламовиќ ќе ја потсети публиката на времињата кога песните имаа душа, а музиката обединуваше. „Липе цвату“, „Ѓурѓевдан“, „Мотори,.. се само некои од безвременските химни што ќе одекнат во салата на Филхармонија, враќајќи спомени, будејќи чувства и создавајќи нови моменти за паметење.

Драги пријатели од Македонија се гледаме во Скопје на 15 мај во Филхармонија на мојот солистички концерт. Ќе ги свириме сите оние најубави песни од убавите, дамнешни стари времиња. Ќе свириме и нешто ново. Главно тоа ќе биде опус на мојата мала биографија“, вели Ален во видео-пораката што ја испрати до македонската публика. 

Билетите се во продажба преку мрежата на https://yournextevent.info/event.php?id=210