Романтика, мистерија и убавините на Туркије во новата мини серија: GoTürkiye ја претстави „Бајка од Кападокија“
Љубовните мини-серии стануваат сѐ позначајна алатка за промоција на туризмот и за презентирање на уникатните дестинации на Туркије. Најновиот проект, „Бајка од Кападокија“, кој беше претставен неодамна и е достапен на дигиталните канали, веќе надмина 49,6 милиони импресии и 44,3 милиони прегледи за само 10 дена по објавувањето.
Оваа мини-серија ја доловува волшебната атмосфера на Кападокија, а во центарот на вниманието се најпознатите знаменитости и уникатни предели под заштита на УНЕСКО, и тоа величествениот замок Учхисар, Црвената долина и Долината на љубовта, подземните градови, балоните со топол воздух, како и самовилските оџаци, преку кои се претставува убавината на регионот пред глобалната публика.
Озан Акбаба и Синем Јунсал повторно ги толкуваат улогите на Селим и Дуру, парот кој почна интензивна романса, и покрај првичните несогласувања. Во најновата серија тие заминуваат на романтичен меден месец во Кападокија, но тој неочекувано се претвора во мистериозно патување на самооткривање. Со два таинствени метални клуча во рацете, тие тргнуваат на необично патување, во потрага по вистината за својата љубов и храброст.
Проектот е продуциран од Ај Јапим, по сценариото на Кемал Хамамџиоглу, и во режија на Хилал Сарал, добитничка на меѓународната награда „Еми“. Промотивната кампања за серијата оди истовремено во 25 земји ширум светот.

Проектот оригинални мини-серии на GoTürkiye е еден од примерите за современа туристичка комуникација на земјата. Досега платформата реализираше низа проекти базирани на вакви приказни, меѓу кои „Анталија гамбит“, „Истанбул љубов моја“, „Таен љубовник“ и „Приказна од Истанбул“, која оствари повеќе од 1,5 милијарди импресии. Сериите постигнаа огромен успех и на интернет, при што секоја епизода беше проследена од милиони гледачи ширум светот. GoTürkiye ќе продолжи да го проширува своето портфолио на вакви остварувања со нови продукции.
GoTürkiye прерасна во централна дигитална платформа за глобалните патници, со над 20,8 милиони следбеници. YouTube каналот на GoTürkiye има 5,69 милиони следбеници, а платформата го држи првото место и на TikTok, со 5,6 милиони следбеници, додека на Instagram е втор најпопуларен национален туристички профил со 4 милиони следбеници.