Брисел воведува нови правила при набавките на критични минерали за да ја намали зависноста од Кина


Брисел планира да ги принуди компаниите во Европската унија клучните сировини и компоненти да ги набавуваат најмалку три различни добавувачи, во обид да се намали зависноста од Кина. Како што објавува лондонски „Фајненшл Тајмс“, новите правила би се однесувале на компании во повеќе стратешки сектори, како хемиската индустрија и производството на индустриски машини, при што […]

Касами и Меџити: Наскоро, правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик


Во пресрет на протестот на албанските студенти кои бараат правосудниот испит да се полага на албански јазик, копретседателите на ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, напишаа на социјалните мрежи дека ова барање наскоро ќе биде исполнето. Тие не прецизираат за што точно зборуваат, но велат дека ќе има добри вести. „Испитот по право е и […]

Стан изгоре во Белград од неисправен полнач за мобилен телефон


Голем пожар избувна во текот на изминатата ноќ, околу 2 часот по полноќ, во станбена зграда во Нов Белград, при што еден стан целосно изгоре, а неколку околни објекти се оштетени. Како можна причина за пожарот се сомнева неисправен полнач за мобилен телефон. Во моментот на избувнувањето на пламенот, во станот се наоѓале баба, дедо […]

Села ќе се бори за албанскиот јазик и кога ќе стане целосно рамноправен


Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, со порака за поддршка на денешниот протест на студентите поврзан со албанскиот јазик, оценувајќи дека борбата за неговата рамноправност мора да продолжи. Во објава на социјалните мрежи, Села вели дека често слуша ставови дека повеќе не треба да се отвора прашањето за албанскиот јазик, но според него тоа е […]

„Детелинки“ – фестивал на оригинални песни и детски таленти во Паркот на франкофонијата


Во Паркот на франкофонија, вечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи првиот детски музички фестивал „Детелинки“, организиран од Општина Центар во соработка со центарските градинки. Како што соопштуваат од Општина Центар, на сцената вечерва ќе настапуваат децата од градинките со музичко-сценски точки подготвени заедно со воспитувачите, а програмата ќе биде збогатена со кореографии, […]

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 5 јуни


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ја информира јавноста и граѓаните на град Скопје дека акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење, а рокот за искористување на оваа можност истекува на 05.06.2026 година. […]

Кинеската економија забави во април: Послаб раст на потрошувачката, индустријата и инвестициите


Кинеската економија забележа послаби резултати во април оваа година, откако растот на малопродажбата, индустриското производство и инвестициите беа под очекувањата на аналитичарите, според најновите податоци од Националното биро за статистика на Кина. Индустриското производство во април се зголеми за 4,1 процент во споредба со истиот период минатата година, што претставува забавување во споредба со 5,7 […]

(Видео) Земјотрес во Кина – најмалку две лица загинаа, а 7 000 се евакуирани


Најмалку две лица загинале, а повеќе од 7 000 се евакуирани од градот Лиуџоу, откако земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихотеровата скала утрово го погоди регионот Гуангси во југозападна Кина, јавуваат светските агенции. Според Ројтерс, операциите на надлежнит служби за пребарување и спасување се во тек, а властите соопштија за прекини во прекини […]

Сопственикот на Кливленд платил 20 автобуси за превоз на навивачите на седмиот натпревар против Детроит


Сопственикот на Кливленд кавалирс, Ден Гилберт, го организирал превозот на навивачите на тимот на седмиот натпревар од четвртфиналната плејоф серија на НБА против Детроит, објави „ESPN“. Пред натпреварот, на социјалните мрежи кружеа фотографии од повеќе од 20 автобуси со навивачи на Кавс, кои беа транспортирани до Детроит со бесплатни маички, храна и билети. Растојанието помеѓу […]

Гилџус-Александар ја одбрани титулата за најкорисен играч – МВП


Шаи Гилџус-Александар е MVP на регуларната сезона, објави НБА. Со тоа, ја одбрани титулата за најкорисен играч на најсилната лига и повторно ја освои најпрестижната индивидуална награда за кошарка. Во конкуренција беа Гилџус-Александар, бранителот на титулата MVP, како и шампионот на НБА со Оклахома Сити Тандер. Втор беше Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, а трет […]

“Лукоил” бара 3 милијарди евра отштета од Бугарија


  Рускиот нафтен гигант Лукоил бара 3 милијарди евра отштета од Бугарија откако државата ја презеде контролата врз локалните операции на компанијата, според Румен Спецов, специјалниот администратор кој ги надгледува бугарските средства на групата. Тужбата, поднесена преку швајцарската трговска гранка на Лукоил, Литаско, сè уште не е конечна, додаде тој, пренесе регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. […]

Германија: Дизелот поевтин од бензинот за прв пат од почетокот на март


Цената на дизелот на германските бензински пумпи падна за прв пат од почетокот на март, објави во недела автомобилската асоцијација ADAC. ADAC го пресмета националниот просек во саботата на 1,990 евра (2,314 американски долари) за литар дизел, околу половина процент поевтино од 1,994 евра. Дизелот беше за 0,009 центи поевтин отколку во петок, додека цената […]

Откриено кој седеше во српското жири кое ѝ даде на Хрватска 0 поени


Виена- За време на финалната вечер на Евровизискиот натпревар за песна 2026, што се одржа во Виена викендов, беа објавени и гласовите на српското стручно жири, а сега, според неофицијални информации, познати се и имињата на музичарите кои одлучуваа за поените. Идентитетите на членовите на жирито беа чувани во тајност до самото финале, пишува Србија […]

Вашингтон го отфрла мултилатерализмот: Трамп ги повлече САД од 66 меѓународни тела


Вашингтон – Во сенката на војната со Иран, се случува една од најважните промени во надворешната политика на САД во последните децении – САД се повлекуваат од голем број меѓународни организации и институции оваа година. Тоа е потврда за систематскиот раст на скептицизмот кон мултилатерализмот и глобалната соработка под администрацијата на претседателот Доналд Трамп. По […]

Бројот егзекуции во светот во 2025 достигнал рекордно ниво за последните 44 години


Лондон – Бројот егзекуции во светот минатата година достигнал највисоко ниво од 1981 година наваму, со најмалку 2707 извршени смртни казни во 17 држави, се посочува во најновиот извештај на „Амнести интернешнал“. Генералната секретарка на Организацијата, Ањес Каламар, изјави дека загрижувачкиот раст се должи на „мала, изолирана група држави“ кои продолжуваат да ја применуваат смртната […]

Без струја делови од Сопиште и Шуто Оризари


Без струја денеска од 8 до 15 часот ќе останат корисниците од улиците „Пелагонија“, Брсјачка Буна, Демирхисарска, „Индира Ганди“ 31 во општина Шуто Оризари и од 9 до 12 часот корисниците од дел од ул.4 и дел од ул.8 во Горно Соње во општина Сопиште. Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје известуваат […]

Променливо облачно со сончеви периоди


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд во пограничните места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од два до 11 степени, а максималната од 15 до 25 степени.  Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви […]

Изложба и панел дискусија за Исар – Марвинци во македонскиот КИЦ во Истанбул


Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, по повод Меѓународниот ден на музеите, организираат изложба, како и панел дискусија посветени на археолошкиот локалитет Исар – Марвинци, еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија и поширокиот балкански простор. Настанот што денеска ќе се одржи во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во […]

Одбележување на Меѓународниот ден на музеите: изложби, модна ревија и детски пораки за мир


Со повеќе настани во Скопје, денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на музеите, меѓу кои изложбата „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“, инклузивната модна ревија „Модата во минатото“, како и изложба на детски ликовни творби во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Во Музејот на Македонија ќе биде отворена изложбата „Вода: Од […]

Дел од општина Центар денеска без вода


 Поради дефект на шибер со пречник од 300 милиметри на улицата „Никола Карев“ бб во скопската населба Центар, денеска од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Никола Карев“, „Мирче Ацев“, дел од населбата Пролет, Центарот за јавно здравје, ОУ„11 Октомври“ и детската градинка. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – […]