Без струја делови од Сопиште и Шуто Оризари
Без струја денеска од 8 до 15 часот ќе останат корисниците од улиците „Пелагонија“, Брсјачка Буна, Демирхисарска, „Индира Ганди“ 31 во општина Шуто Оризари и од 9 до 12 часот корисниците од дел од ул.4 и дел од ул.8 во Горно Соње во општина Сопиште.
Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје известуваат дека прекинот со електрична енергија е поради зафати во електродистрибутивната мрежа.