„Букинг“ ги предупреди корисниците дека е под хакерски напад


 Платформата за онлајн резервации на сместување Booking.com ги предупреди своите корисници дека е цел на хакерски напад, во кој „неовластени страни“ добија пристап до неодреден број имиња на клиенти, контакт информации и податоци за резервации за сместување. „Откако ја откривме активноста, презедовме мерки за да го ограничиме проблемот. Го ажуриравме ПИН-бројот за овие резервации и […]

По поразот на Орбан акциите на компанијата 4iG паднаа за 17 проценти во еден ден


  Уште првиот ден по поразот на Виктор Орбан на изборите се реди долга низа губитници во Унгарија. И во политиката и во бизнисот. Најголем губитник на денот беше берзанската холдинг компанија„Опус“, чиј сопственик е најбогатиот Унгарец, Лоринц Месарош, инаку другар од училишните денови на Орбан.  „Опус“ поседува радио станици, телевизии, весници, големи имоти во […]

Успешен почеток на туристичката сезона во Дојран за Велигден


Со полни сместувачки капацитети и задоволни посетители помина четиридневниот продолжен викенд во Дојран, кој домашни, но и странски туристи го посетија токму за Велигден. Угостителите и хотелиерите, но и издавачите на приватно сместување велат дека се задоволни од посетеноста и доколку временските услови се поволни очекуваат побројни посети на Дојран и во наредните викенди. – […]

Поголемо чекање на граничниот премин “Дојран” од грчка страна поради враќање на македонските викенд туристи


Зголемено чекање на влезот во нашата земја е регистрирано од грчка страна при враќање на македонските граѓани кои за време на продолжениот викенд заминаа кај јужниот сосед. Причина за застојот е официјалното воведување на новиот систем ЕЕЅ (entry/exit system) кој од 10 април целосно се применува и предвидува дигитално регистрирање при влез и излез на […]

Петер Маѓар го отвора патот за испорачување на Груевски


  Многу луѓе се плашат што ќе биде со нив по триумфалната победа на Петер Маѓар и неговата партија Тиса на изборите во Унгарија. И од 16-годишниот режим на Виктор Орбан, а и кај оние кои добиле политичко прибежите таму. Двајца од нив се поранешни полски министри од владата на националистичката партија Право и правда, […]

Петер Маѓар ќе ја „врати“ Унгарија во ЕУ и нема да му се јави на Трамп


  Петер Маѓар, победникот на унгарските парламентарни избори, во понеделникот ја презентираше својата визија за надворешна политика, нагласувајќи ја посветеноста на Унгарија кон Европската унија и НАТО и обвинувајќи ја претходната влада за уништување документи. Во своето обраќање до јавноста, тој нагласи дека ЕУ е мировен проект, и покрај „лагите на подмолната влада“ и вети […]

Остра порака на Папата Лав: „Не се плашам од Трамп“


  Папата Лав XIV во понеделник остро ги отфрли критиките од американскиот претседател Доналд Трамп, бранејќи го својот став за барање мир и отфрлање на насилството за време на војната во Иран. „Не се плашам од администрацијата на Трамп или од гласното зборување за пораката на Евангелието, што е она за што верувам дека сум […]

Пад на цената на златото


Цената на златото падна во понеделник под притисок на растечките инфлациски стравови, откако мировните преговори меѓу САД и Иран завршија без договор, а Вашингтон објави блокада на Ормускиот теснец, дополнително продлабочувајќи го глобалниот енергетски шок. Цената на унца злато во текот на денот падна за до 2,2 проценти, паѓајќи под 4.650 долари, пред подоцна да […]

Српскиот БДП порасна за 1,9 проценти на годишно ниво во првите два месеци од годинава


Во првите два месеци од 2026 година, реалниот бруто домашен производ (БДП) на Србија порасна за околу 1,9 проценти на годишно ниво, што е за 0,9 проценти подобар резултат во споредба со истиот период минатата година. Од производствена страна, клучен извор на раст беа секторите: други услуги, градежништво и нето даноци, додека негативен придонес дојде […]

Научниците сè посигурни: Ако има живот на Венера, тој веројатно потекнува од Земјата


Најновите модели и теории ја земаат предвид докажаната издржливост на органската материја пронајдена на далечните вселенски карпи. Ова значи дека животот испратен во вселената преку удари на комети може под одредени околности да ги издржи екстремните услови на вселената. Панспермијата е теорија која постулира дека животот може да се шири низ вселената преку астероиди, комети […]

Зошто Трамп воопшто го блокира целиот брег на Иран?


Американскиот претседател Доналд Трамп верува дека економскиот притисок ќе го направи она што не успеаја да го направат неделите воздушни напади – да го принудат Иран да направи отстапки. Морската блокада стапи на сила денес во 16:00 часот по хрватско време, откако преговорите во текот на викендот во Пакистан не доведоа до договор. Со ова, […]

Почна американската блокада на бродовите источно од Ормуз


Воената блокада на целиот сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа од страна на СAД почна денеска во 16 часот по средноевропско време, откако пропаднаа мировните преговори во Пакистан за време на викендот. Корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран се закани со одмазда. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека иранската морнарица е „целосно […]

Над 3.200 патници не добиле влез во Хрватска поради новиот систем


Новиот европски систем за влез и излез носи значајни промени на граничните премини, зголемувајќи ја безбедноста, но и времето на обработка на патниците, изјави Зоран Ничено, помошник на генералниот директор на полицијата и началник на граничната администрација, за ХТВ. Според него, системот претставува значаен напредок во однос на претходните процедури, бидејќи сега се собираат и […]

Русија им предлага на земјите од БРИКС заеднички резерви на храна поради кризата на Блискиот Исток


Рускиот функционер Александар Маслеников во понеделник повика на создавање заеднички резерви на храна со земјите од БРИКС и поранешните советски соседи за ублажување на ризиците за глобалната безбедност на храната предизвикани од војната на Блискиот Исток. Маслеников истакна дека Русија е најголемиот извозник на пченица во светот и дека координираното формирање на заеднички резерви на […]

И Вучиќ му честиташе на Маѓар, па му се заблагодари на Орбан


  Српскиот претседател Александар Вучиќ му честиташе на Петер Маѓар. Тој рече дека силната соработка меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период и му се заблагодари на поранешниот премиер Виктор Орбан. „Му честитам на Петер Маѓар за неговата изборна победа. Убеден сум дека силната соработка меѓу Унгарија и Србија ќе продолжи да расте. […]

И Франција како и Велика Британија нема да се приклучи на американската блокада на Ормуската Теснина


Лидерите на Франција и Велика Британија, Емануел Макрон и Кир Стармер, денеска објавија дека нема да се мешаат во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за блокирање на Ормуската Теснина. Францускиот претседател Емануел Макрон во најава на платформата X изјави дека земјата ќе организира конференција со Велика Британија и други држави за создавање мултинационална мисија […]

Мистерија по поразот на Орбан: Каде исчезна Сијарто и зошто унгарските воени авиони летаа во Африка?


По историскиот изборен пораз на Виктор Орбан и неговата партија Фидес, клучните луѓе од унгарската влада целосно исчезнаа од јавноста. Мистериозното исчезнување на министерот за надворешни работи Петер Сијарто привлекува посебно внимание, додека унгарските медиуми ги следат сомнителните летови на воените авиони што ја напуштија земјата под закрила на ноќта и се упатија кон Африка. […]

Фон дер Лајен најави мерки за намалување на цените на енергијата во ЕУ


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека следната недела ќе презентира предлог за намалување на цените на енергијата, кои нагло се зголемија поради војната меѓу САД и Израел со Иран. „Од почетокот на конфликтот пред 44 дена, нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 22 милијарди евра“, […]

Европските берзи паднаа


На европските берзи цените на акциите паднаа бидејќи, по неуспешните мировни преговори меѓу САД и Иран, пазарите повторно се несигурни. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше за 0,7 проценти понизок во 9:30 часот наутро, губејќи дел од добивките од минатата недела. Утрово, лондонскиот индекс FTSE падна за 0,43 проценти, на 10.556 поени, додека […]

Форинтата „експлодираше“ по поразот на Орбан


Финансиските пазари ретко чекаат потврда за политички промени – тие ги очекуваат. Токму ова се случи во Унгарија, каде што националната валута реагираше со силен раст веднаш по изборниот пораз на долгогодишниот премиер Виктор Орбан. Форинтата порасна за околу 2% во однос на еврото во понеделник, достигнувајќи ниво од 367,81 – највисоко за речиси три […]