Почина уште едно лице од масакрот во училиште во Турција


Уште едно лице почина денеска во болница како последица на ранувањето во вчерашното пукање во училиште во Турција. По пукањето во кое беа убиени девет лица, а 13 беа ранети, шестмина од нив беа во критична состојба. Иса Арас Мерсинли, кој имал 14 години, вчера пукаше во две училници во средно училиште во градот Кахраманмараш […]

Ристовски и Мицкоски на средба со Чеферин: Фокус на развојот на фудбалот во Македонија


Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во Владата, оствари средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, кој е во официјална посета на Македонија на покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ – соопштуваат од Министерството за спорт. На средбата, како што стои во соопштението, се разговарало за идните насоки за […]

СП2026: Алармантен раст на цените на транспортот, навивачите огорчени


Вашингтон – Вртоглавиот раст на билетите за подземната железница до одредени стадиони во САД, во комбинација со превисоките цени на влезниците, предизвикаа големо незадоволство кај фудбалските навивачи чии буџети за мундијалскиот турнир вртоглаво растат. Во Бостон, локалната транзитна управа објави дека повратен билет од железничката станица до стадионот Фоксборо, оддалечен 25 километри, ќе чини 80 долари. […]

Комерцијална банка и Mastercard одбележаа значаен јубилеј – 30 години од воведувањето на првата платежна картичка во Македонија


Комерцијална банка и Mastercard со јубилеен настан одбележаа 30 години од воведувањето на првата платежна картичка во Македонија. Како пионер и лидер во иновативните платежни решенија, Комерцијална банка пред три децении ја издаде првата меѓународно брендирана картичка во земјата, со што засекогаш ги промени начинот на плаќање и навиките на македонските граѓани. Во присуство на […]

Изложба „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“ во Чифте амам


Националната галерија на Република Северна Македонија вечер во 19 часот во објектот Чифте амам ќе ја отвори изложбата „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“, за која информира дека е проект синергија помеѓу етнологијата и ликовната уметност, толкувајќи ги и разработувајќи ги етнографските елементи во уметничките дела создадeни кон крајот на 19 и првата […]

Се изведува лифт на „Алхамбра“ во Битола, конзерваторот вели сѐ е по пропис


  БИТОЛА – Се реконструира и рехабилитира еден од највпечатливите архитектонски бисери на Широк Сокак во Битола, објактот познат како „Алхамбра“, а со обновата се изведува и внатрешен лифт. Познатата „Алхамбра“ е објект со режим на заштита од втора категорија. Објектот е во фаза на градежни активности, сега во моментов се прави адаптација и реконструкција […]

За влез во Грција од јуни ви треба нов сет прва помош во возилото, плус термално ќебе


Од 18 јуни 2026 година, сите возила што влегуваат во Грција мора да носат нов, построг комплет за прва помош, кој содржи 16 специфични предмети, меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облози за изгореници. Во спротивно следуваат казни. Според новата регулатива, листата од 16 предмети се: -Изотермално (термо) спасувачко ќебе: минимални димензии 210 […]

Културните работници вчера седнаа на маса со Љутков. Денес протестираа пред Министерството


Културните работници денеска излегоа на протест пред Министерството за култура, барајќи да се почитува колективниот договор и достоинството на професијата, информира Синдикатот на културата на Македонија. На собирот беа истакнати транспаренти со пораки за зачувување на колективниот договор и за подобрување на условите во секторот.Протестот следуваше откако вчера во Министерството за култура и туризам седнаа […]

Независните бараат „столче“ на договарањата за Изборниот закон


Независните граѓански иницијативи кои учествуваа на изборите денеска побараа да бидат вклучени во работната група која работи на измените на Изборниот законик, но и да се имплементираат нивните 15 барања, кои денеска му ги доставија на министерот за правда, Игор Филков.  Тринаесет иницијативи, меѓу кои и „Шанса за Центар“, „Независни за Карпош“, „Независни заедно“, „Подобро […]

Остра порака на папата кон Трамп: „Светот го пустошат неколкумина тирани“


  Папата Лав XIV ги критикуваше лидерите кои трошат милијарди на војни и рече дека светот „го уништуваат неколку тирани“, во невообичаено силни забелешки во Камерун овој четврток откако претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп повторно го нападна на социјалните медиуми. Папата, првиот американски папа, исто така ги критикуваше лидерите кои користеа религиозен јазик […]

Иран предложил бродовите да минуваат непречено низ територијални води на Оман


Иран би можел да им дозволи на бродовите непречено да минуваат низ Ормуската Теснина без ризик од напад ако пловат по територијални води на Оман, нешто што Техеран го истакна како предлог во разговорите со САД за да се избегне обновен конфликт во регионот, пренесе БТА. Предлогот повеќе личи на гест отколку на чекор кон […]

Отворена изложбата „Инспирации“ по повод Скопје- Европска престолнина на културата


Посетата  на  Скопје на градоначалниците Џозефин Хаге од Кемниц (Германија) , Родолфо Зиберна од Горица (Италија) и Само Турел од Нова Горица (Словенија), каде што заедно со Град Скопје реализираа низа активности посветени на размена на искуства поврзани со титулата европска престолнина на културата, која Скопје ќе ја носи во 2028 година, синоќа беше заокружена со […]

Возот од Битола за Грција на слеп колосек: Грците немаат пари да ја репарираат пругата кај нив


Не треба да се очекува во догледно време да профункционира железничкиот сообраќај од Битола за Грција, изјави денес министерот за транспорт, Александар Николоски. Тој рече дека проблемот е кај грчката страна. „Таму, за жал, работите не стојат добро. Јас со тројца министри на Грција сум разговарал, тројца се сменија откако јас сум министер. На нивна […]

Европа има резерви на авионско гориво за околу шест недели, можни се масовни откажувања на летови


На Европа ѝ останаа „можеби уште шест недели резерви на гориво за авиони“, изјави денеска директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол, и предупреди на можни откажувања на летови доколку резервите на нафта и понатаму се блокирани поради војната во Иран. Бирол во интервју за агенцијата Асошиејтед прес (АП) рече дека светот во […]

Русија со ракети ги нападна Киев, Одеса, Днепар, Харков. Шеснаесет лица беа убиени


  Во ноќта на 16 април, руските сили започнаа масовен ракетен напад врз Киев. Станбени згради беа оштетени и уништени, а бројни пожари избувнаа во четири области на украинскиот главен град. Четири лица, меѓу кои и едно дете, беа убиени, а уште 48 жители беа повредени, според Државната служба за вонредни ситуации на Украина. Градоначалникот […]

Црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино ќе се конзервира и реставрира со пари од унгарскиот кредит


Со над 2 милионa денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија, следната недела започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село, најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на сакралниот објект, заедно со директорот на Заводот и музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, […]

Мајка на ученик нападнала учителка на родителска


Инцидент во училиште во скопски Аеродром. Мајка на ученик нападнала наставничка за време на родителска средба.  – На 15.04.2026 во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје (мајка […]

Бонусот од 1.000 евра предизвика негодување во Германија: Кој ќе го плати!?


Планот на германската влада за воведување бонус ослободен од данок од 1.000 евра за вработените наиде на силен отпор од работодавачите, средните претпријатија и здруженијата на даночни обврзници. Иако беше замислен како мерка за олеснување на товарот врз граѓаните, критичарите предупредуваат дека финансискиот товар всушност се префрла на компаниите. Според предлогот на владејачката коалиција, работодавачите […]

САД загубија дрон во Персискиот Залив кој чини 240 милиони долари


  Американската морнарица загубила еден од своите најскапи дронови над Персискиот Залив минатата недела. Во извештајот на Командата за морнаричка безбедност, објавен во вторник, се вели дека дронот MQ-4C Triton се урнал на 9 април. Местото на падот не беше откриено од оперативни безбедносни причини. Не се наведени причините што довеле до инцидентот. Пребарувањето на […]

Петровска: Груевски нема да влезе во затвор, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поништи сите обвиненија


  Никола Груевски, нема да влезе во затвор затоа што ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и работи веќе неколку месеци наназад да ги поништи сите одлуки или сите обвиненија кои на кој било начин може да му наштетат, порача пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во гостување во емисијата „24 анализа“.   Петровска оцени дека постои јасна политичка […]