Отворена изложбата „Инспирации“ по повод Скопје- Европска престолнина на културата


Посетата  на  Скопје на градоначалниците Џозефин Хаге од Кемниц (Германија) , Родолфо Зиберна од Горица (Италија) и Само Турел од Нова Горица (Словенија), каде што заедно со Град Скопје реализираа низа активности посветени на размена на искуства поврзани со титулата европска престолнина на културата, која Скопје ќе ја носи во 2028 година, синоќа беше заокружена со отворањето на изложбата „Инспирација“ во Музејот на град Скопје, која содржи фотографии од европските престолнини на културата за 2025 година. Изложбата е отворена за јавноста, бесплатно, од 15 до 26 април годинава.
 
„На отворањето на изложбата „INSPIRATIONS“, организирана по повод Европската престолнина на културата, во Музејот на град Скопје, заедно со градоначалникот Орце Ѓоргиевски, и Вицепремиерот Беким Сали, ја потврдивме важноста на културната соработка и размена на европски искуства.
 
 
Изложбата, преку фотографиите, ги поврзува Кемниц, Гориција и Нова Горица – градови носители на титулата за 2025 година, кои нудат инспиративни примери за тоа како културата го обликува современиот урбан живот.
 
 
Ваквите настани се силен поттик за продлабочување на соработката, јакнење на културните политики и афирмација на заедничките европски вредности, со Скопје како активен дел од тие процеси“, изјави по изложбата, Љутков.