СП2026: Алармантен раст на цените на транспортот, навивачите огорчени


Вашингтон – Вртоглавиот раст на билетите за подземната железница до одредени стадиони во САД, во комбинација со превисоките цени на влезниците, предизвикаа големо незадоволство кај фудбалските навивачи чии буџети за мундијалскиот турнир вртоглаво растат.
Во Бостон, локалната транзитна управа објави дека повратен билет од железничката станица до стадионот Фоксборо, оддалечен 25 километри, ќе чини 80 долари. Тоа е речиси десет пати повеќе од редовната цена (8,75 долари) и четири пати повеќе од цената на билет за натпревар во НФЛ лигата или концерт на стадионот Жилет (20 долари).
Локалниот организациски комитет, исто така, објави дека повратниот билет со експресниот автобус, резервиран за сопствениците на билети за фудбалските натпревари, ќе чини 95 долари.
Според „Атлетик“, транзитната управа на Њу Џерси планира да наплати повеќе од 100 долари, во споредба со вообичаените 12,90 долари, за повратен билет помеѓу Менхетен и стадионот МетЛајф, кој ќе биде домаќин на осум натпревари од Светското првенство, вклучувајќи го и финалето на 19 јули.
Француската репрезентација ќе игра два од своите три натпревари во групната фаза во Бостон и Њу Џерси.
„Ова е скандалозно. На неодамнешните мундијалски турнири, превозот беше вклучен или понуден по ниска цена за сопствернците на билети“, изјави Гијом Обретр, портпарол на Irrésistibles Français (IF), главната навивачка група на француската фудбалска репрезентација со речиси 2.500 членови.
Здружението на фудбалски навивачи (FSA), исто така, го осуди енормното поскапување на транспортот, оценувајќи оти станува збор за измама