Густ, црн чад над Венеција, експлозија во хемиска фабрика


По експлозијата во фабрика за хемиски производи во индустриската зона во близина на Венеција во Италија, властите апелираа жителите да останат дома со затворени прозорци. Густ, црн чад се надви над градот, а полицијата објави црвен аларм на предупредување и исто апелираше луѓето да останат дома. Еден работник е повреден во експлозијата во фабриката која …

Густ, црн чад над Венеција, експлозија во хемиска фабрика Read More »

Кондарко: Деркоски едно потпиша во мислењето за Пендаровски, а после друго кажува


Државната изборна комисија денеска му доставила мислење на претседателот Стево Пендаровски во врска со изборниот процес и временската рамка, која е потребна за тоа, во кое е потенцирано дека ДИК смета оти е потребно Владата да донесе нова уредба со законска сила и да пропише нови рокови за Избирачкиот список и за увидот во него. …

Кондарко: Деркоски едно потпиша во мислењето за Пендаровски, а после друго кажува Read More »

Парите за партиите останаа и во ребалансот на Буџетот


Ставката за финансирање на политичките партии не претрпе никаква дополнителна промена во ребалансот на Буџетот, рече денес на прес конференција министерката за финансии Нина Ангеловска, одговарајќи на прашање на независен.мк. -Со одлуката за прераспределба помеѓу буџетските корисници и фондовите која беше усвоена пред еден месец имаше кратење на ставката за финансирање на политичките партии и …

Парите за партиите останаа и во ребалансот на Буџетот Read More »

Десетмина вработени во „Пошта“ си земале пари од туѓи сметки


Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава против десет лица, З.Х. (29), Р.И. (34), И.Е.М. (32), С.П. (53), А.Ќ. (45), Ф.Љ. (35), Л.И. (26), М.Т. (62), Н.К. (55) и Х.Х. (42), сите од Скопје, вработени во АД „Пошта на Северна Македонија”, подружница Чаир, …

Десетмина вработени во „Пошта“ си земале пари од туѓи сметки Read More »

ДКСК: Уставен суд да пресече за продажбата на парцелата спроти „Холидеј Ин“


Државната комисија за спречување на корупција ќе упати барање до Уставниот суд да изврши оценка на членот 64 од Законот за денационализација поради, според нив, спорната продажба на земјиштето спроти „Холидеј Ин“. Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на која соопшти дека Комисијата го завршила предметот кој се однесува на …

ДКСК: Уставен суд да пресече за продажбата на парцелата спроти „Холидеј Ин“ Read More »

Одлуката дали ќе има избори треба да ја донесе Комисијата за заразни болести, вели Османи


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска го повтори ставот на Демократската унија за интеграција дека прашањето за избори за нив е секундарно во однос на зачувувањето на здравјето на граѓаните. Одлуката за тоа дали треба да има избори, според Османи, треба да ја донесат стручните лица од Комисијата за заразни болести. – Ќе го …

Одлуката дали ќе има избори треба да ја донесе Комисијата за заразни болести, вели Османи Read More »

Ребаланс на Буџетот: Расходите ќе изнесуваат 3,95 милијарди евра, дефицитот 6,8 отсто од БДП


Државата годинава ќе потроши 3,95 милијарди евра, за 1,4 отсто повеќе од предвидувањата од почетокот на годинава, а дефицитот во државната каса ќе достигне 6,8 отсто од домашниот бруто производ, што е значително зголемување во однос на 2,3 отсто колку што беше проектирано претходно. Вкупните приходи сега се проектирани на 3,2 милијарди евра или за …

Ребаланс на Буџетот: Расходите ќе изнесуваат 3,95 милијарди евра, дефицитот 6,8 отсто од БДП Read More »

(ВИДЕО) Почна состанокот на Советот за безбедност


Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски започна состанокот на Советот за безбедност  на која ќе се расправа за евентуално продолжување на вонредната состојба за 30 дена, колку што побара Владата заради справување со здравствената и институционална ситуација. На него покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот  ќе присуствува и доктор Жарко Караџовски од …

(ВИДЕО) Почна состанокот на Советот за безбедност Read More »

Владата бара нова вонредна состојба од 30 дена


Владата достави предлог до Претседателот  Стево Пендаровски да прогласи нова  вонредна состојба и во наредните 30 дена. Оваа одлука е соопштена непосредно пред седницата на Советот за безбедност на која ќе се решава за ова прашање, а пред ДИК да соопшти што заклучи околу роковите за изборите,  за кои расправа два дена и се уште …

Владата бара нова вонредна состојба од 30 дена Read More »

„Охридско лето“ во сенката на Ковид-19: Концертите ќе зависат од мерките  


Дали јубилејното издание на Охридско лето годинава ќе започне во традиционалниот термин на 12 јули, дали ќе ги намали публиката и концертите, и дали гостите од странство ќе допатуваат во Охрид се дилемите со кои се соочува најголемиот културен настан кај нас. -Во постојана комуникација сме со Министерството за култура со цел да се види …

„Охридско лето“ во сенката на Ковид-19: Концертите ќе зависат од мерките   Read More »

Падот на меѓународните цени на горивата го стопија профитот на ОКТА


ОКТА ја започна 2020 година со одлични достигнувања на продажните количини на двата пазари на кои делува, но претрпе неповолни ефекти од падот на меѓународните цени на горивото поради пандемијата на КОВИД – 19, посочуваат од компанијата во извештајот за финансиските резултати за првиот квартал од 2020 година. И покрај високите продажни количини, велат од …

Падот на меѓународните цени на горивата го стопија профитот на ОКТА Read More »

Преработувачката индустрија во април работела со 67 отсто од капацитетот


Економската состојба во компаниите во преработувачката индустрија според раководителите во април годинава била понеповолна во однос на претходниот месец и во однос на април 2029 година. Според објавените податоци состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2020, во однос на март 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три …

Преработувачката индустрија во април работела со 67 отсто од капацитетот Read More »

СДСМ: Нема да дозволиме создавање политичка криза


Пред почетокот на состанокот на Советот за безбедност, на кој ќе се решава за вонредната состојба и индиректно за изборите, СДСМ порача дека нема да дозволи „пропаднатиот“ Христијан Мицкоски, како што сам се нарече во интервју, да ги попречи демократските процеси и да создаде криза. -Сите досегашни параметри и официјални податоци покажуваат дека епидемијата е …

СДСМ: Нема да дозволиме создавање политичка криза Read More »

Прометот во индустријата во март годинава во однос на март лани помал за 21,1 отсто


Прометот во индустријата во март годинава во однос на март лани бележи намалување од 21,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Вкупниот промет во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај интермедијарни производи, освен енергија за 16,2 отсто, капитални производи за 31,6 отсто, трајни производи за широка потрошувачка …

Прометот во индустријата во март годинава во однос на март лани помал за 21,1 отсто Read More »

Земјоделците да не бидат заборавени во економските мерки, бара Федерацијата на фармери


Националната федерација на фармери (НФФ) соопшти дека бара во пакетот економски мерки подеднакво да бидат опфатени земјоделците и земјоделството, бидејќи овој сектор е исклучително значаен за обезбедување стабилна економија, посебно во делот на обезбедување на храната во оваа тешка ситуација во државаав предизвикана од коронавирусот. Според Федерацијата, економските мерки треба да опфатат поддршка за земјоделството …

Земјоделците да не бидат заборавени во економските мерки, бара Федерацијата на фармери Read More »

Нашите функционери ќе патуваат во странство, ама нема да се поздравуваат


Владата ја објави интегрално уредбата со која се обезбедува патување на нашите функционери во странство без обврска кога ќе се вратат назад да останат во тринеделен карантин, како што е предвидено за другите граѓани. Во неа стои: ПОСТАПКИ ПРЕД И ЗА ВРЕМЕ НА ПАТУВАЊЕ Лицата избрани носители на јавни функции, вработени во Владата на Република …

Нашите функционери ќе патуваат во странство, ама нема да се поздравуваат Read More »

Прв смртен случај на дете со симптоми на болеста Кавасаки


Во Франција е забележан првиот смртен случај на деветгодишно дете, кое страдало од симптоми на форма слична на болеста Кавасаки, опишана кај млади пациенти кои биле во контакт со корона вирусот, јави дописникот на МИА. Детето, кое починало од „невролошко оштетување поврзано со срцев удар“, имало „серологија што покажува дека било во контакт“ со корона …

Прв смртен случај на дете со симптоми на болеста Кавасаки Read More »

Нови 17 случаи, најмногу во Тетово, 16 оздравени, двајца починати


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти. – Скопје 7 – Куманово 6 – Прилеп 2 – Велес 1 Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1. Досега во земјата се направени вкупно 20.548 тестирања …

Нови 17 случаи, најмногу во Тетово, 16 оздравени, двајца починати Read More »