Густ, црн чад над Венеција, експлозија во хемиска фабрика


По експлозијата во фабрика за хемиски производи во индустриската зона во близина на Венеција во Италија, властите апелираа жителите да останат дома со затворени прозорци.
Густ, црн чад се надви над градот, а полицијата објави црвен аларм на предупредување и исто апелираше луѓето да останат дома.
Еден работник е повреден во експлозијата во фабриката која се наоѓа само на неколку километри оддалеченост од историскиот дел на Венеција, пренесува Ројтерс.
Околу фабриката има амбулантни и противпожарни возила, а присутни се и единици за реагирање на биолошки ризик од Венеција и Тревизо, како и хеликоптери и спасувачки екипи.