Владата бара нова вонредна состојба од 30 дена


Фото: Б. Грданоски
Владата достави предлог до Претседателот  Стево Пендаровски да прогласи нова  вонредна состојба и во наредните 30 дена. Оваа одлука е соопштена непосредно пред седницата на Советот за безбедност на која ќе се решава за ова прашање, а пред ДИК да соопшти што заклучи околу роковите за изборите,  за кои расправа два дена и се уште ги нема доставено до кабинетот на претседателот.
На денешната седница Владата го дополнила и протоколот со препораки и упатства за излез и влез на државната граница од страна на избрани функционери со заклучок дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука одобрување треба да даде Главниот координативен кризен штаб на Владата, исклучиво ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со КОВИД-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја.