(ВИДЕО) Почна состанокот на Советот за безбедност


Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски започна состанокот на Советот за безбедност  на која ќе се расправа за евентуално продолжување на вонредната состојба за 30 дена, колку што побара Владата заради справување со здравствената и институционална ситуација.

На него покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот  ќе присуствува и доктор Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.