И генералниот директор на СЗО оди во самоизолација по контакт со заболен од КОВИД-19


Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека бил во контакт со лице кое е позитивно на новиот корона вирус. Тој додаде дека се чувствува добро и нема никакви симптоми на болеста. „Ме идентификуваа како контакт на некој што има позитивен резултат на КОВИД- 19. Добро сум и немам никакви симптоми, …

И генералниот директор на СЗО оди во самоизолација по контакт со заболен од КОВИД-19 Read More »

Поранешно „Матично“ ќе биде младински центар


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и претставник од Сојузот на извидници на РСМ, денеска на прес-конференција ќе ја најават реконструкцијата на поранешниот објект „Матично“. Според соопштенето од општина Центар, објектот ќе биде пренаменет за формирање нов Младински центар во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“. Активноста е …

Поранешно „Матично“ ќе биде младински центар Read More »

Би-Би-Си: Принцот Вилијам бил болен од Ковид-19 во април


Британскиот престолонаследникот, принцот Вилијам, во април бил болен од Ковид-19, јави Би-Би-Си. Во исто време, неговиот татко, принцот Чарлс, исто така беше во изолација. Сепак, Вилијам избрал да ја чува својата состојба во тајност заради јавниот интерес. Тој, наводно, бил ставен во карантин во Норфолк, каде што работел. Тоа го објавија извори за Би-Би-Си.

Сончево со умерена облачност и слаб ветер


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 11 до 22 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност и слаб ветер и со максимална температура до 18 степени.

Од утре полициски час во цела Грција и нови рестриктивни мерки во 27 региони


Угостителските објекти, кафулињата, фитнес центрите, музеите, театрите од утре ќе бидат затворени во 27 региони во Грција што се во т.н. црвена зона, а во целата земја стапува во сила и забраната за движење, односно полициски час од полноќ до 5 часот наутро, јави дописничката на МИА од Атина. Γрција, односно 74-те региони се поделени …

Од утре полициски час во цела Грција и нови рестриктивни мерки во 27 региони Read More »

Директорот на Пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, е позитивен на корона вирус


Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, вечерва сопшти дека е позитивен на тестот за корона вирус. Тој информацијата ја сподели преку неговиот фејсбук профил „Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките уште од самиот почеток, вечерва добив позитивен резултат за Covid 19. Немам никакви симптоми и веќе сум …

Директорот на Пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, е позитивен на корона вирус Read More »

Филипче: 13 илјади брзи тестови од донација од утре ќе бидат дистрибуирани во сите пунктови


Во Министерството за здравство утре ќе пристигне донација од 13.000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето. Ова вечерва го истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на телевизијата …

Филипче: 13 илјади брзи тестови од донација од утре ќе бидат дистрибуирани во сите пунктови Read More »

Совет на амбасадори: Непристојна е заканата на Бугарија со евентуално блокирање на патот кон членството во ЕУ


Советот на амбасадори соопшти дека ја смета за непристојна заканата на Бугарија со евентуално блокирање на патот кон членството во Европската унија ако Северна Македонија не признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени, како што бараат некои извори. Од Советот на амбасадори нагласуваат дека вистината за посебноста на македонскиот народ и македонската нација …

Совет на амбасадори: Непристојна е заканата на Бугарија со евентуално блокирање на патот кон членството во ЕУ Read More »

Хибридите и електромобилите за првпат ја надминаа продажбата на дизели во Европа


Автомобилите на електричен погон и хибридните возила за прв пат ја надминаа продажбата на дизел автомобили во Европа. Во септември, во Европа беа регистрирани 1,3 милиони автомобили, од кои 327.800 биле на електричен погон или хибриди и 322.400 дизели. Бензинците сочинуваат 47 проценти од пазарот, но тоа е намалување во однос на 59 проценти во …

Хибридите и електромобилите за првпат ја надминаа продажбата на дизели во Европа Read More »

Трамп во френетичен спринт последните два дена од кампањата


Претседателот ќе има 10 митинизи во два дена во клучните држави каде се добиваат изборите за да ги сврти анкетите на своја страна пред гласањето во вторник   ВАШИНГТОН – Два дена пред денот на изборите, претседателот Доналд Трамп во неделата започна предизборен спринт низ клучните држави на бојното поле, почнувајќи од Мичиген, што ќе …

Трамп во френетичен спринт последните два дена од кампањата Read More »

Синот на Пирс Броснан е баран манекен. Се здружи со Ранде Гербер


САД- Парис Броснан има нова рекламна кампања што може да ја додаде во својата биографија. 19-годишниот син на актерот Пирс Броснан и новинарката Кели Шеј Броснан е заштитно лице на кампањата на Ранде Гербер (58) со брендот на одржлива мода  бренд „Bleusalt “ од Малибу. Следејќи ги стапките на сопругата Синди Крафорд и ќерката Каја …

Синот на Пирс Броснан е баран манекен. Се здружи со Ранде Гербер Read More »

Тејлор Свифт дозволи нејзина песна да се користи во кампањата на Бајден


САД– Поп-ѕвездата Тејлор Свифт дозволи нејзината песна “Only the Young” “ да се користи во кампањата на Бајден-Харис, потврди извор за „Варајети“. Песната, од документарниот филм на Нетфликс „“Taylor Swift: Miss Americana” се појавува во новата реклама на Бајден, која ги обиколи социјалните мрежи во петокот, четири дена пред изборите во 2020 година. Демократскиот претставник на …

Тејлор Свифт дозволи нејзина песна да се користи во кампањата на Бајден Read More »

Во Албанија денес најголем број новозаразени, починати, но и хоспитализирани со Ковид-19 досега


Албанија– Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се најголем број новозаразени, почнати, но и хоспитализрани со Ковид-19 до сега од почетокот на пандемијата. -Од направените 1.472 тестови на сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 327 ли 22,2 отсто од тестраните,што е нов негативен рекорд. Во исто време битката со опасниот вирус ја изгубија девет …

Во Албанија денес најголем број новозаразени, починати, но и хоспитализирани со Ковид-19 досега Read More »

Порастот на цените на мало во Истанбул сигнализира поголема инфлација во Турција


Зголемувањето на цените забрза во главниот трговски град на Турција во октомври, најмногу за повеќе од една година, што сигнализира влошување на инфлацијата низ целата земја откако падот на валутата влијаеше на домашниот пазар. Малопродажните цени во Истанбул се зголемија за 2,45 отсто во однос на претходниот месец, според индексот објавен во Стопанската комора на …

Порастот на цените на мало во Истанбул сигнализира поголема инфлација во Турција Read More »

Половина од жителите на Словачка тестирани за еден ден


Во саботата со антигенски брисеви беа тестирани 2,5 милиони лица. Позитивни биле 25.850   Речиси половина од целото население на Словачка даде брисеви за Ковид-19 во саботата, првиот ден од дводневното тестирање на национално ниво со што владата се надева дека ќе помогне да се запре напливот на инфекции без тешко заклучување. Шемата, прва за …

Половина од жителите на Словачка тестирани за еден ден Read More »

Затворени угостителски објекти во Аеродром и Гази Баба поради непочитување на мерките


Во текот на изминатото деноноќие полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат при вршење контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус констатирале дека два угостителски објекта, еден во Гази Баба и еден во Аеродром, не се придржувале кон предвиденото работно време согласно Законот за заштита на населението …

Затворени угостителски објекти во Аеродром и Гази Баба поради непочитување на мерките Read More »

Штрајкуваат вработените во погребалното во Мадрид, бараат повеќе персонал поради пандемијата


Вработените во погребалната служба во Мадрид почнаа денеска со 24-часовен штрајк со барање за поголем број вработени за да се подготват со очекуваниот пораст на смртните случаи од коронавирусот во време на вториот бран на пандемијата. Според локални медиуми, се штрајкува на влезот на гробиштата Карабанчел во јужен Мадрид на Денот на сите светци, кога …

Штрајкуваат вработените во погребалното во Мадрид, бараат повеќе персонал поради пандемијата Read More »

Во Косово седуммина починати и 337 заразени од Ковид-19, од утре нови мерки


Косово – Бројот на жртви на епидемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на 688, откако минатото деноноќие починаа седуммина заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) се наведува дека, по рекордните 514 заболени во петокот, во саботата се регистрирани нови 337 случаи, со што …

Во Косово седуммина починати и 337 заразени од Ковид-19, од утре нови мерки Read More »

Колку се богати децата на Трамп?


САД-Кога милионерот Доналд Трамп започна со кампања за републиканската номинација за претседател во 2016 година, неговите три најстари деца влегоа во центарот на вниманието како негови доверливи и најблиски советници во бизнисот и политиката. Доналд помладиот, Иванка и Ерик Трамп се најдоа во предизборната кампања со приближувањето на претседателските избори во 2020 година и тие …

Колку се богати децата на Трамп? Read More »

(Инфографика) Меѓу Џибути и Руанда – на кое место во светот е Македонија според површината


Колку се мали најмалите земји во светот? Тие се веројатно многу помали отколку што можете да помислите. Која е најмалата земја во светот? Тоа е Ватикан. На само 0,19 квадратни милји, оваа мала град-држава (која се наоѓа целосно во италијанскиот град Рим) лесно ја освојува титулата најмала земја во светот. Втората најмала земја во светот …

(Инфографика) Меѓу Џибути и Руанда – на кое место во светот е Македонија според површината Read More »