Хибридите и електромобилите за првпат ја надминаа продажбата на дизели во Европа

Најголем пад е регистриран во Италија, за 85,4 отсто. Слично минаа и Франција и Шпанија, со 72,2, односно 69,3 отсто. На најголемиот европски пазар за автомобили, германскиот, побарувачката е опадната за 37,7 отсто

Автомобилите на електричен погон и хибридните возила за прв пат ја надминаа продажбата на дизел автомобили во Европа.

Во септември, во Европа беа регистрирани 1,3 милиони автомобили, од кои 327.800 биле на електричен погон или хибриди и 322.400 дизели. Бензинците сочинуваат 47 проценти од пазарот, но тоа е намалување во однос на 59 проценти во септември 2019 година.

Пред десет години половината од сите продадени автомобили во Европа беа дизели, а тој удел на пазарот сега падна на 24,8 проценти. Скандалот „Дизелгејт“ сè уште има влијание, а регионалните и националните влади исто така извршија притисок врз купувачите и производителите на автомобили да ја „исчистат“ локалната средина и да ги намалат глобалните емисии на јаглерод.

Паралелно со падот на продажбата на дизел возилата, се забележува и пораст на продажбата на електрични и електрифицирани автомобили. Аналитичарите на Jato Dynamics објавија дека електричните автомобили, хибридите, plug-in хибриди и „благите“ хибриди сочинуваат околу 25,2 проценти од регистрациите во Европа во септември, пренессуваа СЕЕбиз.

Податоците покажуваат дека 53 проценти од регистрациите во Европа во септември се хибриди или „благи“ хибриди. Вкупно 69 проценти од продадените модели на Ford Puma имаат блага хибридна технологија, како и 59 проценти од регистрираните Fiat 500.