Тејлор Свифт дозволи нејзина песна да се користи во кампањата на Бајден


САД– Поп-ѕвездата Тејлор Свифт дозволи нејзината песна “Only the Young” “ да се користи во кампањата на Бајден-Харис, потврди извор за „Варајети“.

Песната, од документарниот филм на Нетфликс „“Taylor Swift: Miss Americana” се појавува во новата реклама на Бајден, која ги обиколи социјалните мрежи во петокот, четири дена пред изборите во 2020 година. Демократскиот претставник на Калифорнија, Ерик Свалвел, го сподели огласот во петокот наутро, цитирајќи текст од песната.

Свифт ја напиша „“Only the Young” по изборите во 2018 година за нејзиниот документарец „Мис Американа“, чија премиера беше на филмскиот фестивал Санденс во 2020 година. Додека Свифт дискутираше во својата приказна за насловната страница за „Вараети“, таа свесно направи политички пресврт во нејзината кариера и ја искористи својата платформа за да ги информира своите милиони фанови за главните проблеми на овие избори и гласањето против Трамп.