Директорот на Пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, е позитивен на корона вирус


Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, вечерва сопшти дека е позитивен на тестот за корона вирус. Тој информацијата ја сподели преку неговиот фејсбук профил
„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките уште од самиот почеток, вечерва добив позитивен резултат за Covid 19.
Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.
Посакувам брзо оздравување на на сите заболени граѓани и негативен тест на сите кои се во самоизолација. Чувајте се!“, напиша Пауновски.