Порастот на цените на мало во Истанбул сигнализира поголема инфлација во Турција


Зголемувањето на цените забрза во главниот трговски град на Турција во октомври, најмногу за повеќе од една година, што сигнализира влошување на инфлацијата низ целата земја откако падот на валутата влијаеше на домашниот пазар.

Малопродажните цени во Истанбул се зголемија за 2,45 отсто во однос на претходниот месец, според индексот објавен во Стопанската комора на Истанбул во неделата. Тоа беше најголем месечен пораст од август 2019 година, јави Блумберг.

Турската лира ослабе 7,5 отсто во однос на доларот во октомври, што претставува најлош резултат меѓу валутите на пазарите во појавување кои ги следи Блумберг. Во својот последен квартален извештај за инфлацијата, централната банка предупреди дека влијанието на депресијацијата врз цените може да се засили „во случај на зајакнување на интеракцијата помеѓу девизниот курс, очекувањата и инфлацијата“.

„Со оглед на високите бројки во сите категории, ќе биде големо изненадување ако инфлацијата на месечно ниво е под 2 проценти“, вели Озлем Деричи Сенгул, основачки партнер на Истанбул „Спин Консалтинг“.

На 3 ноември заводот за статистика ќе ги објави податоците за инфлацијата во целата земја во октомври. Потрошувачките цени се очекува да забрзаат за 12 проценти во однос на претходната година и за 2,15 отсто во однос на септември, според средните проценки на истражувањето на аналитичарите за Блумберг. Инфлацијата беше измерена на 11,75 отсто во септември.

Малопродажните цени во Истанбул се зголемија за 12,4 отсто во однос на претходната година – споредено со 11,66 отсто во септември. Поскапувањата беа предводени од месечен пораст на цемните на облеката за 5,31 отсто и 3,66 отсто на храната. Цените во трговијата на големо со суровини се зголемија за 4,38 отсто во споредба со претходниот месец, 3,8 отсто за храната и 2,2 отсто за енергијата.