Синот на Пирс Броснан е баран манекен. Се здружи со Ранде Гербер

САД- Парис Броснан има нова рекламна кампања што може да ја додаде во својата биографија.

19-годишниот син на актерот Пирс Броснан и новинарката Кели Шеј Броснан е заштитно лице на кампањата на Ранде Гербер (58) со брендот на одржлива мода  бренд „Bleusalt “ од Малибу.

Следејќи ги стапките на сопругата Синди Крафорд и ќерката Каја Гербер, екссопственикот на брендот за текила заедно со Џорџ Клуни- Касамигос, се здружи со Bleusalt за да дизајнира комфорни панталони : „The Casa Pant“, кои се достапни во црна, тегета и темно сива боја за 185,00 американски долари.

Ранде Гербер, сопругот на Синди Крафорд

„Јас сум голем обожавател на Bleusalt . Откако Синди и Каја дизајнираа свои панталони, јас сакав да ги направам моите “, рече Гербер во соопштението за медиумите „Потребни беа многу примероци за да се усоврши изгледот и вклопувањето, но тука е -„ The Casa Pant“  кои што не треба да ги менувате кога ќе ја напуштите куќата.

Броснан – кој шеташе на модни писти за Балмен и Долче и Габана и позираше за Teen Vogue, Vanity Teen и GQ Кореја – ја покажува разновидноста на пантолоните како фотограф.

Лани, Парис и неговиот постар брат Дилан ( и двајцата личат на мајка им) беа прогласени за амбасадори на Златен глобус.

Пирс Броснан со синовите на „Златен глобус“

Додека браќата (кои ја избраа организацијата FEED на Лорен Буш Лорен за да ги претставува нивните филантропски напори на „Златните глобуси“) започнаа со кариера, во рана возраст беа воведени во филантропија.

„Нашата мајка е одлична“, вели Парис. „Нашата мајка отсекогаш била практична со сè што прави, без разлика дали се залага за заштита на Заливот, ги спасува китовите  или го вклучува татко им  во тие работи. Таа секогаш била главниот филантроп во семејството “.

Броснан има уште два сина Кристофер и Шон од претходниот брак со Касандра Харис со која беше во брак се до нејзината смрт, во 1991 година, која почина по долга борба со ракот. Нејзината ќерка Шарлот која ја посвои како и Кристофер, почина на 41 година од рак.