Епл повторно ги отвори сите продавници во Кина


Епл официјално ги отвори сите свои продавници во Кина, кои беа затворени поради епидемијата на коронавирус. Како што јавува Би-Би-Си, од вчера, сите продавници на „Епл“ се отворени, 42 од нив, иако некои имаат скратено работно време. Продавниците се затворени од средината на февруари, бидејќи Кина стави во карантин неколку градови во земјата во обид […]

Досега 13 заболени од корона вирус, да се следат владините мерки и препораки


Владата вчера донесе одлука за воведување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа. Кај четири лица од овие општини е потврден корона вирус, тие се во стабилна состојба и денеска ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Со овие четири случаи вкупниот број заболени во државава […]

Заради кризната состојба во Дебар и Центар Жупа ангажирана и Армијата


По прогласување на кризната состојба во Дебар и во Центар Жупа влегувањето и излегувањето во и од овие две општини е ограничено, за што се поставени барикади, каде што контрола врши полицијата. До ваквата мерка дојде откако во двете општини се зголеми бројот на заразени до корона вирусот. Вчера беа хоспитализирани четири лица, со што […]

Европските земји ги затвораат границите поради корона вирусот


Се повеќе европски земји поради ширењето на корона вирусот ги затвораат своите граници и најавуваат нови рестриктивни мерки во следните денови. Македонската влада донесе одлука да се затворат граничните премини Џепиште – Требиште и Блато кон Албанија. На официјалната веб-страница на Општина Крива Паланка стои соопштение во кое се информираат граѓаните дека Република Србија ги […]

Косово ги затвора кафулињата и трговските центри, го прекинува јавниот превоз, од 16 март и авиолиниите


Владата на Косово по вечерашната вонредна седница, на која ја разгледа ситуацијата во земјата во врска со коронавирусот, одлучи од утре да се затворат кафулињата, сточните и авто-пазарите и трговските центри, а од понеделник, 16 март, да се прекинат и сите авиолинии во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Премиерот Албин Курти, по вонредната […]

Прва жртва од корона во Луксембург


Првиот смртен случај од новиот коронавирус е регистриран денеска во Луксембург, изјави министерот за здравство Полет Ленерт. Во земјата вкупно се потврдени 34 заразени лица од Ковид-19. Властите воведоа рестриктивни мерки, затворени се училиштата и градинките, времено се забранети посети во домовите за стари лица

Трамп прогласи вонредна состојба во САД поради корона вирусот


Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска на прес-конференција Белата куќа прогласи вонредна состојба во земјата поради ширењето на новиот коронавирус во земјата. Во своето обраќање тој истакна дека ќе распредели 50 милијарди долари за борба против вирусот и запирање на неговото ширење. Во светот досега се заразија над 145 илјади луѓе, од кои повеќе од […]

Словенечкиот парламент ја изгласа владата на Јанез Јанша


Словенечкото Собрание ја изгласа новата словенечка Влада предводена од Јанез Јанша, јави дописникот на МИА од Љубљана. Владата доби поддршка од 52 пратеника, а против гласаа 31. Премиерот Јанша изјави дека веднаш по собраниската седница ќе се одржи и итна владина седница со единствена точка на дневен ред – справување со епидемијата на корона вирус. […]

Националната гарда на САД испраќа помош во шест држави поради кризата со коронавирусот


Националната гарда на САД ќе распореди илјада војници во шест сојузни држави, како дел од напорите на федералната Влада да одговори на предизвиците од коронавирусот. Војниците треба да бидат распоредени до крајот на денот во Флорида, Ајова, Луизијана, Њујорк, Роуд Ајленд и Вашингтон. Националната гарда на САД служи како национална координативна агенција кога некоја држава […]

Можно затворање и на шопинг моловите и границите


Нема простор за паника, но мора да се почитуваат препораките и одлуките на надлежните институции и Владата. Не е исклучена можноста за затворање на шопинг моловите, но и на државните граници во зависност од тоа во која насока ќе се движи состојбата, порача министерот за здравство во вечерашното гостување на Нова ТВ во кое одговараше […]

Македонски концепт поднел кривична пријава против вработени во ДИК


Движењето Македонски концепт поднело тужба против вработени во ДИК откако на социјалните мрежи биле објавени неговите независни кандидатски листи, не само со имињата на кандидатите, туку и со адресите и матичните броеви. Кривичната пријава во Јавното обвинителство ја поднел подносителот на листата Петар Богојески, а е насочена против непознати сторители. Во Македонски концепт имаат информација […]

Први случаи на коронавирус во Косово, Судан, Гвинеја, Етиопија и Кенија


Косово денеска ги потврди првите случаи на коронавирус. Косовските власти објавија дека се заразени 20-годишна Италијанка и 77-годишен маж. „Нивната состојба е стабилна“, кажа министерот за здравство Арбен Витија. Црна Гора е единствената од Европа која засега нема случаи на коронавирус, владата најави дека од претпазливост ќе ги забрани сите јавни и приватни собири и […]

Во Хрватска заразено дете во градинка од коронавирус


Информативната служба на Градот Загреб соопшти дека од коронавирус е заразено едно дете во градинка во хрватскиот главен град. Градинката ќе биде затворена 14 дена, а 119 деца и шеснаесет вработени ќе бидат во самоизолација. Родителите, чии деца ја посетувале градинката, во моментот се известуваат за мерките кои се должни да ги преземат. Во Хрватска […]

Владата прогласи кризна состојба на дел од државата – затворање на граничните премини Џепиште – Требиште и Блато


Покрај прогласувањето на кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, ќе се затворат граничниот премин Џепиште – Требиште и граничниот премин Блато, како и Скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ во Маврово. Оваа одлука ја донесе Владата на денешната 18 седница на која го разгледала Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во […]

(Видео) Мерките мора да се почитуваат – вирусот не е шега


Министерот за здравство Венко Филипче, повикува на морал од секој од нас. Вели дека ова не е шега и дека секој од нас, за свое добро и доброто на најблиските треба да се придржува до мерките за заштита од корона вирусот донесени од Владата. https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/223203032200803/

Во Италија уште 240 починати од корона вирусот за еден ден


Италијанскиот весник „Ла република“ вечерва ги објави новите податоци од епидемијата на корона вирусот кои покажуваат дека за последниве 24 часа бројот на мртвите се зголемил за 240 лица. Со тоа бројот на починатите од почетокот на епидемијата се искачи на 1.266. Според овие податоци, бројот на заболените се зголемил за повеќе од 2.000 лица […]

Изборните листи на коaлицијата на СДСМ


Изборна едница 1 НИКОЛА ДИМИТРОВ МИЛА ЦАРОВСКА ДАМЈАН МАНЧЕВСКИ МОНИКА ЗАЈКОВA ДАРКО КАЕВСКИ ГОРАН МИСОВСКИ КАСТРИОТ РЕЏЕПИ МАРИЈА ГЕОРГИЕВСКА МИРОСЛАВ БОГДАНОВСКИ СНЕЖАНА КАЛЕСКА-ВАНЧЕВА ДИМЕ ВЕЛКОВСКИ АНЕТА СИМЕСКА-ДИМОСКА ДАНИЕЛА НИКОЛОВА МИЛЕНА СТЕВАНОВИЌ ФЕРАТИ ВАХИТ БИЉАНА ГЕОРГИЕВСКА ФЕЈЗУЛА ЈОНУЗ НАТАЛИЈА СПИРОВСКА ДАЛИБОР БОГДАНОВСКИ БОЈАНА АЦЕВА   Изборна единица 2 ОЛИВЕР СПАСОВСКИ САЊА ЛУКАРЕВСКА МУХАМЕД ЗЕКИРИ ДАНИЕЛА МАРКОСКА […]

Со каква тактика Јужна Кореја го спречи ширењето на вирусот


Јужна Кореја и Италија речиси во исто време ги добија првите заразени пациенти. Како властите во Сеул успеаја да ја ограничат заразата, а Италија не   Милано/Сеул – Во Италија милиони се заклучени и повеќе од 1.000 луѓе умреа од корона вирусот. Во Јужна Кореја, погодена од оваа болест во исто време, само неколку илјади […]

Од понеделник учениците и децата ќе учат преку МРТВ


Основците и децата на претшколска возраст од понеделник ќе имаат можност да следат едукативни содржини на трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ, изведени од наставните програми по кои тие во моментов се едуцираат во училиштата и градинките, кои пак, се привремено затворени со одлука на Владата како дел од мерките за заштита на јавното […]

Италија и Шпанија го ограничуваат краткотрајното тргување на берзите


Италија и Шпанија во четврток го ограничија тргувањето со акции за да го спречат остриот пад на цените во услови на стравувања од епидемија на корона вирусот. Цел на регулаторите беше краткотрајната продажба односно таканаречената шорт-селинг (short-selling) практика, кога трговците позајмуваат акции во очекување нивните цени да се намалат, потоа ги продаваат и ги купуваат […]