Словенечкиот парламент ја изгласа владата на Јанез Јанша


Словенечкото Собрание ја изгласа новата словенечка Влада предводена од Јанез Јанша, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Владата доби поддршка од 52 пратеника, а против гласаа 31.

Премиерот Јанша изјави дека веднаш по собраниската седница ќе се одржи и итна владина седница со единствена точка на дневен ред – справување со епидемијата на корона вирус.

Јанша по трет пат ќе ја извршува функцијата премиер, а мандатот овој пат ќе му трае само две и пол години, за кога се закажани редовните парламентарни избори.