Македонски концепт поднел кривична пријава против вработени во ДИК


Движењето Македонски концепт поднело тужба против вработени во ДИК откако на социјалните мрежи биле објавени неговите независни кандидатски листи, не само со имињата на кандидатите, туку и со адресите и матичните броеви. Кривичната пријава во Јавното обвинителство ја поднел подносителот на листата Петар Богојески, а е насочена против непознати сторители.

Во Македонски концепт имаат информација дека членови  на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ и вработени се обидувале на секаков начин да ги отфрлат листите на Македонски концепт за да си ја намалат конкуренцијата на изборите. Иако тоа е во спротивност со Законот за заштита на личните податоци, тие ги објавиле листите со матичните броеви и адресите правејќи злоупотреба на овластувањата.

За случајот Мaкедонски концепт го известил Министерството за внатрешни работи како и Дирекцијата за заштита на личните податоци. Листите се поднесени во соработка со партијата СДУ.