Први случаи на коронавирус во Косово, Судан, Гвинеја, Етиопија и Кенија


1201966999

Косово денеска ги потврди првите случаи на коронавирус. Косовските власти објавија дека се заразени 20-годишна Италијанка и 77-годишен маж.

„Нивната состојба е стабилна“, кажа министерот за здравство Арбен Витија.

Црна Гора е единствената од Европа која засега нема случаи на коронавирус, владата најави дека од претпазливост ќе ги забрани сите јавни и приватни собири и ќе ги затвори училиштата на 15 дена.

Кенија, Етиопија, Судан и Гвинеја пријавија денеска први случаи на коронавирус, со што бројот во африканските земји, каде што се појави Ковид-19, се зголеми на 18 лица.

Повеќето заразени се странци или луѓе кои патувале во странство.

Иако се преземени брзи тестирања и изолации со цел да се спречи ширењето на епидемијата, се стравува од фактот колку африканските земји имаат можност да се изборат со заразата.

Во сите овие држави веднаш е донесена забрана за јавни собири.