Шпанија најави прогласување вонредна состојба


Владата на Шпанија денеска ќе прогласи вонредна состојба поради пандемијата на коронавирусот. Секој момент се очекува вонредно обраќање на премиерот Педро Санчез. Состојбата на подготвеност, како што соопштија локални телевизии, претставува прв од трите степени на вонредна состојба во земјата. Првата фаза ќе трае 15 дена, за кое време ќе се прават подготовки за евентуална […]

Манчевски: Документи се достапни електронски – не одете по шалтери


Најчесто бараните документи ќе можат да се добијат по електронски пат. Да ги избегнеме чекањата по шалтери, апелираше денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на попладневната прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче. Во насока на сите мерки што ги презема Владата за спречување на Ковид 19, апелираме до сите граѓани кои […]

И бразилскиот претседател заразен од корона вирусот


Локалните бразилски медиуми објавија дека претседателот на државата, Жаир Болсонаро, бил позитивен на тестот за корона вирусот. Болсонаро беше минатата недела на средба со американскот претседател Доналд Трамп во неговото одморалиште во Флорида, Мар-а-Лаго. Претходно беше објавено и дека неговиот главен советник за комуникации е заболен од Ковид-19. Засега нема информации дали Трамп е тестиран […]

Сите собири со повеќе од 100 луѓе се забранети во Франција


Францускиот премиер Едуар Филип, во интервју за телевизијата ТФ1, соопшти дека собирите со повеќе од 100 луѓе се забранети, јави дописникот на МИА. – Ние сме на почетокот на забрзување на вирусот, рече Едуард Филип, објаснувајќи дека мерките што се преземаат во моментов се „мерки за спречување“. Но, за да оди подалеку, тој најави дека […]

Коронавирусот брзо се шири во Словенија – вкупно заразени 141 лице


Словенечките здравствени власти објавија дека само од синоќа до сега се потврдени 44 нови случаеви на коронавирус. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со овие новoзаразени вкупната бројка на инфицирани се зголеми на 141. Најголем пораст на заболени има во Љубљана и околината. Според последните информации, четворица пациенти се во критична здравствена состојба. […]

Фон дер Лајен: Пандемијата на коронавирусот е тест за луѓето и економијата


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот претставува „тест за луѓето и економијата“ и оцени дека ЕУ ќе издржи таков „шок“ под услов да е „одлучна, координирана и обединета“. – Сите земји-членки треба да знаат дека не е можно да се запре вирусот, но она што е најважно […]

Кризна состојба во Дебар и Центар Жупа – четири нови случаи


Владата одлучи да прогласи кризна состојба во Општините Дебар и Центар Жупа, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Состојбата на тројцата заболени од Дебар е тешка, а кај една пациентка дополнително се влошила. Филипче рече дека е на граница да биде поставена на механичка респирација. Дополнително четири нови случаи има заболени од корона вирус во […]

СДСМ претстави листи на искусни политичари и нови кандидати


Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, претсатвувајќи ги денеска кандидатските листи на Коалицијата „Можеме“ изјави дека тоа биле „120 имиња на одговорни и угледни граѓани кои ја сакаат својата татковина, граѓани кои се подготвени да се вклучат во процесот на позитивните промени, граѓани спремни да работат за доброто на граѓаните и државата“. „Во изборната единица […]

Ајвар произведен во Северна Македонија се повлекува од маркетите во Словенија


Словенечката Управа за безбедност на храната од страна на синџирот маркети Шпар, била известена дека од продажба повлекуваат ајвар произведен во Северна Македонија, поради присуство на недозволени материи. Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, оваа информациија е објавена на интернет страна на словенечката Влада. За сега не се соопштува за какви штетни материи […]

Сугарески: Регионалниот пат Прилеп-Битола идната недела ќе биде пуштен во сообраќај


Наредната недела се очекува да се пушти во сообраќај регионалниот пат Прилеп-Битола, во делот кај индустриската зона каде се гради клучката со придружната патна инфраструктура. Ова го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој со директорот на ТИРЗ Александар Стојановски денеска беше на увид на работите со асфалтирањето на приклучоците на клучката која […]

Се дезинфицира Кривичниот суд


Темелна дезинфекција на сите судници и останати простории во Основниот кривичен суд ќе се врши од специјализирана фирма секој петок се додека постои опасност од ширење на вирусот, а во меѓувреме судските служби за одржување, согласно препораките, секојдневно ќе вршат чистење на судот по неколку пати во текот на работниот ден, информираат денеска од Основниот […]

Извештајот на Стејт департментот најдобар за десет години, вели претседателот


Наспроти критиките од претставници на ВМРО-ДПМНЕ дека извештајот на Стејт департментот содржи сериозни критики за Владата околу корупцијата, судскиот систем и медиумите, претседателот Стево Пендаровски денес излезе со сосема спротивен став. Според него извештајот на Стејт Департментот објавен пред два дена е „најдобриот што го добила Македонија во изминатите десет години“, додавајќи дека единствена негативна […]

Американската забрана за летови од Европа ќе погоди два милиони патници


Прекинот на сите патувања за 30 денови меѓу САД и Европа во рамки на американски мерки за спречување на ширење на корона вирусот ќе влијае на 7.300 летови и повеќе од два милиони патници, според податоците на туристичката агенција „Сириум“. Сепак, забраната нема да влијае на земјите што не се во Шенген зоната, како Велика […]

„Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова е „Роман на годината“ за 2019 година


Романот „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова, со тајно гласање и со мнозинство гласови, е избран за „Роман на годината“ за 2019 година. Николова е прва од досегашните лауреати која оваа награда ја добива втор пат. Прв пат „Роман на годината“ и е доделена за „Куклите на Росица“, објавен во 2004 година. Како што […]

Мицкоски ќе го поддржи Пендаровски за прогласување кризна состојба


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција  предложи воведување кризна состојба во целата држава и механизми за помош на стопанството. Христијан Мицкоски предложи власта да организира дополнителна набавка на средства за заштита од корона вирусот, антисептици, маски и ракавици за бесплатна дистрибуција на граѓаните, за шалтерските работници, за работниците, шоферите… На новинарско прашање дали тоа значи […]

Компаниите ги организираат вработените за да нема застој во работењето 


Компаниите кои имаат потреба да ја реорганизираат својата работа во смени, тоа да го направат за да нема застој во работењето, а работниците кои имаат деца до 10 години да соработуваат во реорганизацијата, порачуваат од Владата   Во очекување на конкретни мерки за поддршка на бизнисот од страна на Владата, стопанствениците полека ги расчистуваат дилемите […]

Одложени натпреварите на Вардар со Нексе и со ПИК Сегед


Следните два натпревари на Вардар се одложени на неодредено време, соопштија од клубот. Во недела требаше да се игра реванш средбата од четвртфиналето на СЕХА Газпром лигата со НЕКСЕ, а на 22 март „црвено-црните“ требаше да бидат домаќини на првиот осминафинален дуел со ПИК Сегед. – Раководството на СЕХА донесе одлука да го одложи овој […]

Интензивно чистење на улици во Карпош


Утринава, цистерните на локалната самоуправа ги миеја локалните улици низ Карпош 3, а се чистеше и околу контејнерите, со машините под висок притисок т.н. вапови. Овие активности се интензивирани како резултат на ширењето на COVID – 19 (коронавирус), со цел да се обезбедат почисти улици и населби. Сепак, активностите за редовно миење на улиците продолжуваат […]