Сите собири со повеќе од 100 луѓе се забранети во Франција


Францускиот премиер Едуар Филип, во интервју за телевизијата ТФ1, соопшти дека собирите со повеќе од 100 луѓе се забранети, јави дописникот на МИА.

– Ние сме на почетокот на забрзување на вирусот, рече Едуард Филип, објаснувајќи дека мерките што се преземаат во моментов се „мерки за спречување“. Но, за да оди подалеку, тој најави дека собирите на повеќе од 100 луѓе сега се забранети, свесни дека оваа мерка ќе има реперкусии врз театрите и кината.

Одлуките за затворање на границите донесени од одредени земји, тој смета дека не се основани. Владите на Чешка и на Словачка вчера објавија виртуелното затворање на границите за странците, додека Полска, Австрија, Словенија и Унгарија воведоа ограничувања за влез или здравствени проверки.

– Вирусот не застанува на границите, инсистираше тој, укажувајќи на одлуки понекогаш донесени под притисок.

Едуар Филип повика на поголема координација меѓу европските земји.