СДСМ претстави листи на искусни политичари и нови кандидати


Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, претсатвувајќи ги денеска кандидатските листи на Коалицијата „Можеме“ изјави дека тоа биле „120 имиња на одговорни и угледни граѓани кои ја сакаат својата татковина, граѓани кои се подготвени да се вклучат во процесот на позитивните промени, граѓани спремни да работат за доброто на граѓаните и државата“.

„Во изборната единица 1 за правда, ред и дисциплина, за животна средина ќе работат пратениците предводени од носителот Никола Димитров и носителката Мила Царовска. Тука се и искусни политичари, но и нови пратеници и нови кандидати, Дамјан Манчевски, Мирослав Богдановски, Снежана Калеска-Ванчева, Дарко Каевски, Диме Велковски.

Во втората изборна единица, повисоки плати, грижа за сите и инвестиции во инфраструктурата ќе обезбедат носителите Оливер Спасовски и Сања Лукаревска придржувани од исто така квалитетни и препознаени личности како Славјанка Петровска, Мухамед Зеќири, Санела Шкријељ“.

Во Третата изборна единица, каде целта ќе бидат инвестиции во земјоделството, во инфраструктурата и повисокитена чело на листата се Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска, заедно со Маја Морачанин, докторите Сашо Николов и Ненад Коциќ, Љупчо Балкоски…

„Во изборната единица 4 влегуваме со силни инвестиции во инфраструктурата, со уште посилна поддршка на земјоделците и уште повеќе можности и мерки за младите. Тоа ќе треба да го испорачаат пратениците од оваа изборна единица, предводени од претседателот Зоран Заев и од Соња Миракоска, а на листата меѓу другите се и Миле Талески од Прилеп, Даниела Колева и Костадин Костадинов.

Во изборната единица 5 носиме стабилност, безбедност, странски инвестиции. Таму честа да ја предводат листата на коалицијата ‘Можеме’ ја имаат потпретседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, координаторот на досегашната пратеничка група Јован Митрески, придружувани од квалитетни професори, поединци, интелектуалци од Битола, Охрид и целокупниот регион, како што е професорката Костадинова, Лазе Танески и Жаклина Лазаревска, Един Јакуповиќ.

Концептот едно општество и концептот повеќе пари кај граѓаните силно и најмногу ги потврдуваме и во 6-та изборна единица. Најразноликата изборна листа во токму оваа изборна единица е предводена од претседателот на Движењето Беса Биљал Касами и од Фаница Николовска од СДСМ, заедно со Бејџан Илјаз, Фадил Зендели, Драгољуб Филиповски и многу други и Македонци, Албанци, Турци и останати“, соопшти Николовски.