Во Италија уште 240 починати од корона вирусот за еден ден

Италијанскиот весник „Ла република“ вечерва ги објави новите податоци од епидемијата на корона вирусот кои покажуваат дека за последниве 24 часа бројот на мртвите се зголемил за 240 лица. Со тоа бројот на починатите од почетокот на епидемијата се искачи на 1.266.

Според овие податоци, бројот на заболените се зголемил за повеќе од 2.000 лица и сега има 17.660 заразени. Бројката на оздравените  е 1.439 (вкупно +181 во однос на вчерашниот ден). Пациенти со интензивна нега за корона вирус се 1.328, а 7.426 се хоспитализирани со симптоми. До денес, 6.201 лица се наоѓаат во изолација.

Стапката на морталитет е најголема кај лицата над 80 години.

Во Милано и други градови градоначалниците одлучија да ги затворат парковите затоа што се преполни, а во Рим беа отворени некои од црквите.