Глорија Гејнор со „Ќе преживеам“ ја шири пораката за миење на рацете


Американската пејачка (76) Глорија Гејнор објави видео на TikTok за важноста за миење раце додека го пее хитот „Ќе преживеам“ (I Will Survive) од 1978 година. Пеејќи ги планетарно популарните стихови, вклучувајќи ги и: „Мислевте ли дека ќе се распарчам? Мислевте ли дека ќе легнам и ќе умрам? О, не, не јас“, диско легендата ги […]

(Фото) Скопјани не му одолеаја на убавото и сончево време


Додека некои денешниот ден го искористија да ги пополнат домашните залихи во супермаркетите, други излегоа на прошетка во Градскиот парк. Поради мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, познатата скопска шема е на 14-дневна пауза. Кафеаните беа полупразни, растојанието меѓу масите е зголемено, па отсуствуваа карактеристичните метежи. За среќа, времето беше топло, па Градскиот […]

Мицкоски: Прогласување кризна состојба и замрзнување на обврските на фирмите кон државата


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска порача дека е неопходно прогласување на кризна состојба кај нас за да може да се преземат итни и неодложни мерки. Тој на прес-конференцијата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ рече дека состојбата со справување со корона вирусот бара максимално ангажирање на сите стручни и кадровски потенцијали, но и посветеност од сите […]

Инкасаторите нема да ги читаат водомерите во становите и нема да исклучуваат


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, согласно новонастанатата ситуација со корона вирусот во земјава, како и повикот на Регулаторната комисија за енергетика во овој период, се додека важат препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширење на корона вирусот, нема да ги исклучува корисниците на услугите на […]

Меѓу четирите пациенти од Дебар има и 15 годишно момче


Во нашата земја во моментов има 12 лица кај кои е дијагностициран корона вирус, изјави на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче. Од нив на Клиниката за инфективни болести се осуммина, плус првата жена која беше примена и која веќе не е позитивна на вирусот и таа во понеделник ќе замине на домашно лекување. […]

Нема нови регистрирани во Македонија, се тестираат девет лица


Нема нови случаи на заболени од коронавирус. Во моментов на Клиниката за инфективни болести се очекува да бидат донесени четворицата пациенти од Дебар кај кои претходно беше потврдена болеста. Меѓу нив е и 15-годишно момче, и сите се со лесни симптоми на болеста, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата. На […]

Трет случај во Косово


Во Косово денеска е потврден нов случај на заразен од коронавирусот, така што бројката на лица носители на смртоносниот вирус се зголеми на три, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата на вонредна прес-конференција ја објави министерот за здравство на Косово Арбен Витиа, наведувајќи дека новооткриениот случај е член на семејството на 77-годишниот маж, кој […]

(Фото) Опусте Сити мол


И Сити мол опусте. Вака изгледа денес напладне најфреквентниот шопинг центар во Скопје пред неофицијалните најави дека и тој ќе се најде на листата за затворање.

Владата ќе им помогне на стопанствениците ако има потреба


„Имаме на располагање финансиски средства во Буџетот и кога ќе процениме дека на одредена категорија стопанственици треба да се помогне, ќе се излезе во пресрет, без разлика што сме пред избори“, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција. Владата, како што истакна премиерот, подготвува економски мерки. „Точно е дека имаме на располагање финансиски средства во […]

СДСМ ги откажува сите партиски активности


Согласно препораките на државните институции, СДСМ ги откажува сите партиски активности на терен а останатите активности ги прилагодува и насочува кон социјалните мрежи и електронските медиуми, соопшти партијата. „Активно ја следиме ситуацијата и постапуваме согласно мерките и препораките на институциите во функција на заштита на колективното здравје на граѓаните“, велат од СДСМ и ги повикуваат […]

Во  Дебар и Центар Жупа мирно, институциите на терен


Состојбата во Дебар и во Центар Жупа каде што е прогласена кризна состојба поради коронавирусот ноќеска и претпладнево е мирна, без никакви инциденти и движење на населението. Преземени се сите мерки и активности за справување со ширењето на коронавирусот, а сите институции и експерти ангажирани за спроведување на акцискиот план за имплементација на одлуката за […]

Спасовски: Бидете солидарни, оставете средства за дезинфекција и за другите


Производството на средства за дезинфекција се прави и тука во државава. Факт е дека има зголемена побарувачка во овој момент. Производството на ваквите продукти се одвива и во текот на вчерашниот ден имаше дистрибуција по аптеките во Скопје и во другите градови. Ова денеска на прес-конференција во Владата го истакна премиерот Оливер Спасовски, кој рече […]

Што се ни е потребно за 14 дена самоизолација?


Најлошото нешто што можете да го направите за време на глобалната пандемија е непотребно да складирате храна, средства за дезинфекција и козметички препарати за убавина во вашиот дом. Размислете за тоа – ако неколкумина ги купат сите средства за дезинфекција, како останатите ќе ја задржат хигиената на телото и просторот за живеење? Во време кога […]

ЕБРД издвојува една милијарда евра поради корона вирусот


Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) соопшти дека планира, со цел надминување на проблемите поради пандемијата на корона вирусот, да издвои помош за компаниите кои работат во оперативните региони на ЕБРД. „Пакетот солидарност“ е прва таква мерка на ЕБРД и банката најавува дека е подготвена да направи повеќе доколку е потребно. Предлогот е одобрен […]

Хавиер Солана под медицински надзор поради корона


Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, бил примен во болница откако бил позитивен на тестот за корона вирус, јави Ројтерс повикувајќи се на сопствени извори. Неговата здравствена состојба се подобрува, но поради претпазливост бил ставен под медицински надзор. Весникот АБЦ прв во петокот објави дека Солана е хоспитализиран во Мадрид уште во средата заради […]

Италијанските лекари на крајот од силите


Рим-Речиси никој не можеше да ја предвиди здравствената криза што владее во Италија. Италија е една од осумте индустриски најразвиени земји во светот и една од најпопуларните туристички дестинации. Брзото ширење на коронавирусот ги затекна италијанските болници и лекари неспремни и сега претставува закана за целиот здравствен систем во Италија. Рим се пофали дека има […]

Нема шопинг и отворени казина и во Грција


Трговските центри, кафулињата, баровите, ноќните клубови, сите угостителски објекти, библиотеките, музеите и археолошките локалитети, спортските објекти, салоните за убавина, студијата за тетовирање, казината и обложувалниците, кината и театрите, луна паркови, борделите, од денеска ставаат клуч на врата во Грција во следните 14 дена со одлука на грчката Влада да ги заостри мерките и да спречи […]

САД: Трамп и Пелоси постигнаа договор за пакетот мерки за борба против вирусот


Демократите и Владата на САД синоќа постигнаа договор за опширен пакет мерки за помош на населението во земјата, зафатено од коронавирусот, откако претседателот Доналд Трамп вчера прогласи вонредна состојба во државата. Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и министерот за финансии, Стивен Мнучин, синоќа по обраќањето на Трамп, ги завршија преговарите за донесување на пакетот […]

Се журкале на Водно, полицијата ги растерала


Надлежните апелираат до сите, а особено до младите, да ги почитуваат владините мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот. Од МВР информираат дека веќе се преземаат мерки за расчистување на поголеми групи луѓе јавни простори. Припадници на СВР Скопје во текот на вчерашниот ден интервенирале за расчистување на поголема група млади на Водно. […]