СДСМ ги откажува сите партиски активности


Согласно препораките на државните институции, СДСМ ги откажува сите партиски активности на терен а останатите активности ги прилагодува и насочува кон социјалните мрежи и електронските медиуми, соопшти партијата.

Активно ја следиме ситуацијата и постапуваме согласно мерките и препораките на институциите во функција на заштита на колективното здравје на граѓаните“, велат од СДСМ и ги повикуваат граѓаните, но и сите други субјекти да постапат во оваа насока и своето функционирање да го вршат прилагодено на максимално почитување на мерките и препораките на надлежните институции, со цел да се заштити јавното здравје.