Хавиер Солана под медицински надзор поради корона


Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, бил примен во болница откако бил позитивен на тестот за корона вирус, јави Ројтерс повикувајќи се на сопствени извори. Неговата здравствена состојба се подобрува, но поради претпазливост бил ставен под медицински надзор.

Весникот АБЦ прв во петокот објави дека Солана е хоспитализиран во Мадрид уште во средата заради корона вирус.

Солана (77) ја извршуваше функцијата генерален секретар на НАТО од 1995 до 1999 година; од 1999 до 2009 година беше висок претставник на ЕУ за надворешна политика, а од 1992 до 1995 година беше шпански министер за надворешни работи во владата на Фелипе Гонзалез.