Во Филхармонија оперски концерт во чест на Леонкавало


Во сабота, во 20 часот во Малата сала при националната Филхармонија, Италијанската Амбасада организира оперски концерт во чест на италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, со македонскиот тенор Благој Нацоски, по повод одбележувањето на 60 години од воведувањето на наставата на италијанскиот јазик и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Настанот е завршниот дел …

Во Филхармонија оперски концерт во чест на Леонкавало Read More »

Ексклузивно интервју со Ерос Рамацоти: Уште се смеам на шегите од Тина Тарнер


Повеќе сакам да возам велосипед или да јавам коњи отколку да седам дома и да гледам филм или да читам книга, вели музичарот и пејач Ерос Рамацоти (56) во интервју за „Независен весник“. Италијанскиот романтичар в понеделник, 30 септември, во организација на „Авалон продукција“, ќе одржи концерт во Скопје во А1-арената. Во рамките на својата …

Ексклузивно интервју со Ерос Рамацоти: Уште се смеам на шегите од Тина Тарнер Read More »

Прва историска турнеја на Филхармонија во Израел


Филхармонија во периодот од 1 до 6 октомври за првпат ќе гостува во Израел, земјата во која се прелеваат музичките влијанија од целиот свет. -Меѓународните претставувања од секогаш биле важен сегмент од историскиот континуитет на нашата институција која годинава слави 75 години од основањето, тие се важен сегмент од растот и развојот на нашиот оркестар …

Прва историска турнеја на Филхармонија во Израел Read More »

Адеми најави завршување на постапката за печатење нови учебници


Јавната набавка и електронската аукција завршија. Оваа недела треба да се потпише одлуката за избор на најповолна понуда и учебниците кои не биле отпечатени во последните четири пет години ќе бидат отпечатени и дистрибуирани до сите училишта, изјави денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми. Одговарајќи на новинарско прашање тој посочи дека учебници не недостигаат, но …

Адеми најави завршување на постапката за печатење нови учебници Read More »

Поради шверц на цигари и тутун губиме 6,24 милиони евра


Даночните приходи на земјите од Западен Балкан се покуси за 306,7 милиони евра поради илегалната трговија на тутунски производи, додека шверцерите и нелегалните дилери на тутун остваруваат профит од околу 200 милиони евра (0,5 отсто од регионалниот БДП) покажува истражувањето спроведено од Економскиот институт во Загреб под наслов „Илегална трговија со тутунски производи: искуство на …

Поради шверц на цигари и тутун губиме 6,24 милиони евра Read More »

Каква улога имал синот на Бајден во Украина


Кога Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, една тема беше во фокусот на медиумите – шпекулациите според кои американскиот претседател во телефонски разговор со украинскиот колега летово наводно притискал да се отвори истрага против поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден и неговиот син Хантер. Трамп …

Каква улога имал синот на Бајден во Украина Read More »

Претседателот Пендаровски гo прими новиот грчки амбасадор Јанакакис


  Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма од страна на Димитрис Јанакакис, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Грција во Република Северна Македонија. Изразувајќи задоволство од отворањето на ново поглавје во односите меѓу двете држави со значителен потенцијал за нивно натамошно збогатување и унапредување, претседателот Пендаровски истакна дека овој …

Претседателот Пендаровски гo прими новиот грчки амбасадор Јанакакис Read More »

Секој ден го носи на раце 15-годишниот син со ретка болест по скали до втор кат за да стигне до физиотерапевт


Ване Петридов (45) од Неготино мора секој ден на раце да го носи својот 15-годишниот син Василие до вториот кат на зградата за да стигне до физиотерапевтот и да ги направи вежбите кои му ја олеснуваат Душеновата мускулна дистрофија од која боледува. -Зошто зградата нема лифт?, е честото прашање на Василие, кое му го поставува …

Секој ден го носи на раце 15-годишниот син со ретка болест по скали до втор кат за да стигне до физиотерапевт Read More »

Прифатена иницијативата на Вучиќ: Белград добива споменик на Вудро Вилсон


Собранието на градот Белград во Србија ја прифати иницијативата на претседателот Александар Вучиќ градот да добие споменик на 28. претседател на САД Вудро Вилсон. Вучиќ ја поднесе иницијативата во својство на граѓанин. а споменикот ќе биде подигнат во рамки на булеварот кој го носи името на некогашниот американски претседател. Според заменикот на градоначалникот на Белград …

Прифатена иницијативата на Вучиќ: Белград добива споменик на Вудро Вилсон Read More »

ЕУ воведе санкции за седум други официјални претставници на Венецуела


Европската Унија воведе санкции за седум члена на безбедносните и разузнавачките служби на Венецуела под сомнение дека се вмешани во тортура и други злоупотреби на човековите права. ЕУ наведува дека четворица од седумте припадници на службите на кои им се заканува замрзнување на имот и забрани за патувања се поврзани со смртта на капетанот Рафаел …

ЕУ воведе санкции за седум други официјални претставници на Венецуела Read More »

Меѓународен собир за 60 години постоење на Катедрата за италијански јазик и книжевност


На Катедрата за италијански јазик дипломираа  повеќе од 700 студенти. Станува збор за предувачи, толкувачи и наставници во училиштата. Од минатата година италијанскиот јазик може да се изучува во сите средни и основни училишта како втор странски јазик, беше истакнато на меѓународниот собир што беше отворен денеска во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- …

Меѓународен собир за 60 години постоење на Катедрата за италијански јазик и книжевност Read More »

УЕФА го одложи натпревар помеѓу Косово и Русија поради безбедносни причини


Франција– Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука да го одлoжи квалификацискиот натпревар за Европскиот шампион помеѓу женските екипи на Косово и Русија, закажан за 4 октомври во Приштина. Таквата одлука УЕФА ја донела од безбедносни причини. Датумот и местото на натпреварот ќе бидат утврдени дополнително, по завршувањето на дополнителните проверки. Русија заедно со Холандија се …

УЕФА го одложи натпревар помеѓу Косово и Русија поради безбедносни причини Read More »

Поради шверц со тутун Хрватска годишно губи 120 милиони евра даночен приход


Хрватска – Поради шверцот со тутун во регионот, годишно се губат повеќе од 306,7 милиони евра даночни приходи, а само во Хрватска даночните приходи достигнуваат 120 милиони евра на годишно ниво, покажуваат резултатите од проектот „Нелегална трговија со цигари: Искуството на граѓаните и ставовите кон шверцот на балканската рута – БалканСмуг“. Проектот беше спроведен од Загрепскиот …

Поради шверц со тутун Хрватска годишно губи 120 милиони евра даночен приход Read More »

Сончево и топло до крајот на наредната недела


Сончевото и топло време во земјава ќе се задржи до крајот на наредната недела, информира УХМР. Во наредните денови ќе има пораст на дневната температура која ќе достигне до 32 степена. Минималната утринска температура ќе се спушти до пет степени.  

Повторно одложен изборот на главен ревизор на собраниската Комисија, ДЗР пред блокада


Немањето договор за барањето на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ нивните пратеници да бидат распоредени во собраниските тела, повторно беше причина за одложување на седниците на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која меѓу другите, требаше да одлучува за местото главен ревизор, но и за АВМУ, МРТВ, Дирекцијата за заштита на лична податоци и …

Повторно одложен изборот на главен ревизор на собраниската Комисија, ДЗР пред блокада Read More »

(Видео) Заев за ИБНА: Грција ќе нѐ поддржи пред Европскиот совет


Грција ќе ја поддржи Северна Македонија пред Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со ЕУ. Тоа не е само обврска од Преспанскиот договор, туку е пријателско чувство, да се  поддржи најблискиот сосед, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју што го дал во Њујорк за грчката агенција ИБНА. На прашање за првата средба на …

(Видео) Заев за ИБНА: Грција ќе нѐ поддржи пред Европскиот совет Read More »

Со туѓ пасош сакал да помине граница


Во четвртокот, во 22 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен A.Г.(31) од Косово, поради тоа што при контрола приложил македонска патна исправа на име Р.А.(25) од Скопје. А.Г. бил предаден на полициски службеници во Прифатниот центар за странци Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поради проблеми со желудникот Мијалков не дојде на судењето за „Трезор“


Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, утрово не се појави на судењето за предметот „Трезор“ на СЈО. Неговиот адвокат, Љупчо Шврговски на судот му достави извештај од специјалист за здравствената состојба на неговиот клиент и рече дека не се чувствува добро, па затоа бил спречен да дојде на судењето. – Повраќа, има проблеми со …

Поради проблеми со желудникот Мијалков не дојде на судењето за „Трезор“ Read More »

Град Скопје го продолжи рокот за аплицирање за стипендии на средношколци со попреченост


Градот Скопје информира дека го продолжи рокот на објавениот јавен повик на ден 16 септември 2019 година за стипендирање на ученици со попреченост од скопските средни училишта за уште пет дена. Комисијата за спроведување на јавниот повик одлучила апликациите на кандидатите за стипендии да се примаат до 1 октомври 2019 година. Со цел подигање на …

Град Скопје го продолжи рокот за аплицирање за стипендии на средношколци со попреченост Read More »

Во болницата „8 Септември“ синоќа повторно нападнати медицински лица


По неодамнешните случаи на напади на вработени во повеќе болници во Скопје и Тетово, синоќа повторно се случи напад на медицински лица во Градската болница „8 Септември“. Роднини на починат пациент го нападнеле персоналот во болницата „8 Септември“. Тие синоќа ги нападнале медицинските лица, а интервенирала и полицијата. Дел од вработените во одделот за интензивна …

Во болницата „8 Септември“ синоќа повторно нападнати медицински лица Read More »