Прифатена иницијативата на Вучиќ: Белград добива споменик на Вудро Вилсон


Собранието на градот Белград во Србија ја прифати иницијативата на претседателот Александар Вучиќ градот да добие споменик на 28. претседател на САД Вудро Вилсон.

Вучиќ ја поднесе иницијативата во својство на граѓанин. а споменикот ќе биде подигнат во рамки на булеварот кој го носи името на некогашниот американски претседател.

Според заменикот на градоначалникот на Белград споменикот на Вудро Вилсон ќе биде симбол на српско-американското пријателство и потсети дека Вилсон бил пријател на Србија не само на зборови туку и на дело.

Според него срамота е што Вилсон порано не добил споменик во Србија затоа што тој во 1918 година покрај американското го подигнал и српското знаме на Белата куќа во Вашингтон.