Со туѓ пасош сакал да помине граница


Во четвртокот, во 22 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен A.Г.(31) од Косово, поради тоа што при контрола приложил македонска патна исправа на име Р.А.(25) од Скопје.

А.Г. бил предаден на полициски службеници во Прифатниот центар за странци Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.