УЕФА го одложи натпревар помеѓу Косово и Русија поради безбедносни причини


Франција– Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука да го одлoжи квалификацискиот натпревар за Европскиот шампион помеѓу женските екипи на Косово и Русија, закажан за 4 октомври во Приштина.

Таквата одлука УЕФА ја донела од безбедносни причини.

Датумот и местото на натпреварот ќе бидат утврдени дополнително, по завршувањето на дополнителните проверки.

Русија заедно со Холандија се на првите две места во групата А со шест бода. Косово има три бода и е на четврто место.