ЕУ воведе санкции за седум други официјални претставници на Венецуела


Европската Унија воведе санкции за седум члена на безбедносните и разузнавачките служби на Венецуела под сомнение дека се вмешани во тортура и други злоупотреби на човековите права.

ЕУ наведува дека четворица од седумте припадници на службите на кои им се заканува замрзнување на имот и забрани за патувања се поврзани со смртта на капетанот Рафаел Акоста Ареава, поморски офицер, наводно, подложен на тортура во затворот во Венецуела.

На списокот на санкции на ЕУ поради кризата во Венецуела сега има вкупно 25 лица, пренесува АП.