Вулканот Етна на Сицилија повторно се активираше и исфрли лава
Вулканот Етна на Сицилија повторно се активираше и исфрли лава, но и најголемите облаци од пепел што италијанскиот остров ги видел во последните години. Според локалните медиуми, вулканската активност на Етна продолжува по пукнатината што се отворила на 26 јуни во кратерот Вораџине, кој се наоѓа на врвот на вулканот на надморска височина од околу 3.000 метри.
Од пукнатината во кратерот се исфрлаат различни количини пепел и тече лава. Текот на лавата што излегува од кратерот може да се забележи и од источните падини на Етна.
Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија издаде портокалов предупредувачки код за авионите што минуваат над овој регион, а соопштено е дека летовите на аеродромот „Фонтанароса“ во Катанија, во близина на Етна, не се погодени од исфрлањето пепел и лава од вулканот.