Украинската армија погодилa рафинерија за нафта во Самарската област


Украинската армија денеска соопшти дека во текот на ноќта погодила рафинерија за нафта во градот Сизрање во руската Самарска област.

Погодената рафинерија е лоцирана на повеќе од 800 километри од украинската граница.

Гувернерот на Самарска област, Вјачеслав Федоришчев наведе дека во украинскиот напад загинало едно лице, а тројца, меѓу кои и едно дете, се повредени. Исто така се оштетени куќи, станбени згради и еден индустриски објект. Но Федоришчев не го именуваше објектот.

Украинската армија посочи и дека денеска погодила 14 руски бродови, од кои десет танкери.

Украинската армија изминатите дена спроведува кампањата да го спречи снабдувањето со гориво на руските сили и да го изолира окупираниот полуостров Крим. Изминатите седум дена, како што тврди Киев, погодени се 90 руски брода во Азовско Море.

Гувернерот на руската Ростовска област, Јуриј Сљусар изјави дека украински дрон погодил танкер, кој од Азовско впловил во Црно Море.

По нападот на бродот избил пожар, што набрзо бил изгаснат. Нема опасност од истекување на нафта, бидејќи резервоарите биле празни. Во нападот нема повредени лица.