Трамп се ракуваше со Мелони, таа превртуваше со очите


Средбата меѓу Доналд Трамп и Џорџа Мелони на самитот на НАТО во Анкара брзо се претвори во тема на социјалните мрежи, откако камерите го забележаа нејзиниот израз за време на поздравувањето со американскиот претседател. Трамп и италијанската премиерка се сретнаа првпат по нивната јавна вербална пресметка, која почна по неодамнешниот самит на Г7 во Франција. Тогаш Трамп ја обвини Мелони дека „молела за фотографија“ со него.Мелони не остана без одговор. Таа порача дека нејзината политичка позиција не зависи од односот со американскиот претседател, туку од тоа колку успешно ги брани националните интереси на Италија. Тензијата дополнително се засили пред заминувањето на Трамп за Анкара, кога тој на својата социјална мрежа „Truth Social“ објави иронична порака дека на Мелони „треба да ѝ се забрани влез“. И покрај сето тоа, средбата во Турција почна во дипломатски тон. Пред камерите имаше долго ракување, кратка размена на зборови и насмевки за фотографите. Но, вниманието не го привлече само поздравот. На социјалните мрежи најмногу се коментираше моментот кога Мелони превртуваше со очите додека се поздравуваше со Трамп. Претходно, кога се подготвуваа лидерите за семејната фотографија, таа се обиде да го избегне Трамп додека поминуваше.