Трамп ја смени „плочата“, Украина сега има „прекрасна иднина“
Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека Украина има одлична иднина и најави нови напади врз Иран, додека украинскиот лидер Володомир Зеленски најави почеток на работа на договор за беспилотни летала со САД, по денешната средба во рамките на самитот на НАТО во Анкара. Имајќи на ум како почна комуникацијата на двата лидера, оваа средба беше оценета како голем пробив.
„Развивме прекрасни односи. Украина има одлична иднина. Толку прекрасна земја. Толку големи средства. Толку прекрасни луѓе“, рече шефот на Белата куќа.
Потоа Трамп ги поддржа украинските напади врз руските рафинерии за нафта:
„Тоа е ескалација што би можела да помогне во завршувањето на војната“, оцени Трамп објаснувајќи ја промената на својот став кој од мировен стана „воен“.
Тој исто така најави дека САД ќе ѝ дадат право на Украина да развива ракети за системите Патриот.
„Почнуваме да работиме на договор со САД за беспилотни летала“, дополни Зеленски.
На крајот на прес изјавата зеленски и Трамп се пошегуваа на сметка на Русија.
„Дали би отишол во Москва?“, праша Трамп.
„Тешко е. Таму има многу украински дронови. Опасно е“, одговори Зеленски.