Протест пред Владата под мотото “Нема правда нема мир”


Во моментов пред Владата се одржува протест под мотото “Нема правда нема мир”, јавува „Алсат М“. Насобраните реагираат заради бегството на осудениот екс-премиер Никола Груевски во Унгарија и бараат во протестот да се приклучат и владини претставници кои под истото мото протестираа пред падот на власта на Груевски. Присутните побараат и итна оставка на министерот …

Протест пред Владата под мотото “Нема правда нема мир” Read More »

Димитров: Груевски успеа да ја претвори Македонија во заробена држава


Никола Груевски е тој кој што успеа да ја претвори Република Македонија во заробена држава за време на неговото владеење, како што беше посочено и во извештајот на Европската комисија од 2016 година, вели во пишана изјава министерот за надворешни работи Никола Димитров. – Сите ние овде, но исто така и во Европа, ги слушнавме …

Димитров: Груевски успеа да ја претвори Македонија во заробена држава Read More »

Мицкоски: Бегството на Груевски не го оправдувам, тоа не е опција


Политичкиот прогон и терор станува основен метод на дејствување на оваа власт. Имаме киднапирана држава каде граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, зголемени даноци, одземено достоинство, промена на име, идентитет. Ова се вистинските теми кои ја разголуваат неспособноста на власта која се дефокусира со други теми и прашања, како што е последните случувања врзани со …

Мицкоски: Бегството на Груевски не го оправдувам, тоа не е опција Read More »

Заев: Груевски е кукавица, нема договор со него (ВИДЕО)


Премиерот Зоран Заев ги отфрли сите како што рече „шпекулации за каков било политички договор со Груевски“. Заев очекува тој да биде екстрадиран во земјава и да ја отслужи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО, односно за набавката на „мерцедесот“ од 600 000 евра. „Каков кукавица е тој кој што цело време велеше …

Заев: Груевски е кукавица, нема договор со него (ВИДЕО) Read More »

ЕУ за „Независен“: Да не се политизира бегството на Груевски


Во врска со бегството на Никола Груевски за „Независен весник“ реагираа од Европската унија. -Свесни сме за ситуацијата во врска со Никола Груевски. Европската комисија не ги коментира тековните судски постапки. Владеењето на правото е основен принцип на Европската унија, и за земјите-членки и за земјите-кандидатки. Очекуваме сите заинтересирани страни да дејствуваат строго во согласност …

ЕУ за „Независен“: Да не се политизира бегството на Груевски Read More »

Јанева: СЈО побара притвор за Груевски кога некои други не можеа ни име да му споменат


Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара притвор за Никола Груевски уште во февруари 2016 година кога некои други не можеа ни име да му споменат, а до минатиот четврток воопшто не одаваше некои настапи дека нема да се јави на суд за да најдеме причина плус зошто повторно би побарале да биде ставен во притвор, порача …

Јанева: СЈО побара притвор за Груевски кога некои други не можеа ни име да му споменат Read More »

Унгарската Влада ниту го потврдува, ниту го негира барањето за азил од Груевски


„Не можеме ниту да ви потврдиме, ниту да негираме. Не сме во можност да коментираме по индивидуални барања за азил кои се уште се процесираат“, одговорија од унгарската Влада на прашањето на  „Телма“ дали Никола Груевски е во Унгарија и дали побарал политички азил.

МНР постапува за верифицирање на информацијата дека Груевски е во Унгарија


Министерството за надворешни работи соопшти дека согласно своите надлежности и во координација со надлежните институции во земјава постапува со цел да се верифицира информацијата во врска со објавата на Фејсбук профилот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој објави дека се наоѓа во Будимпешта и дека таму ќе бара политички азил. – Во врска со наводната …

МНР постапува за верифицирање на информацијата дека Груевски е во Унгарија Read More »

Проблематичен до крај


Фросина Факова-Серафиновиќ Десет години додека беше на власт секојдневно се појавуваше со изјави во медиумите, одговараше на нарачани прашања и се фалеше со позитивни вести за граѓаните. Сега,пак, медиумите се преполни со вести за експремиерот Никола Груевски чија поента е – дека исчезнал во непознат правец. Кога дојде време да оди во затвор за да …

Проблематичен до крај Read More »

Мијалков не знае каде е Груевски


Поранешниот директор на УБК и доскорешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, предмалку на влегување во Кривичниот суд во Скопје изјави дека не знае каде во моментов се наоѓа неговиот братучед и поранешен премиер Никола Груевски, по кого од синоќа со потерница трага полицијата. -Не знам, кусо одговори Мијалков на влегување во зградата на Кривичниот …

Мијалков не знае каде е Груевски Read More »

Јанушев: Ако има налог полицијата слободно нека влезе во штабот, Груевски не се крие тука


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вечерва обвини дека седиштето на партијата е под опсада а нејзините членови биле легитимирани од полицијата. „Никогаш во историјата на независна Македонија немало примена на ваква сила врз партија во опозиција. Ова е класична злоупотреба на полицијата во партиско-политички цели“, рече Јанушев додавајќи дека вечерашните полициски акции не се во …

Јанушев: Ако има налог полицијата слободно нека влезе во штабот, Груевски не се крие тука Read More »

Полицијата го бара Груевски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ


Полицијата ги претресува возилата кои излегуваат од паркингот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на градот, пренесува Радио Слободна Европа. Ова е уште еден обид на полицијата да го најде поранешниот премиер Никола Груевски откако претходно вечерва полицајците двапати влегоа во зградата во која живее, но не успеаја да го пронајдат во неговиот стан. Во …

Полицијата го бара Груевски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Заев: Не верувам дека Груевски ќе си дозволи да бега


Премиерот Зоран Заев на вечерашното гостување на МРТВ, на која се дебатира за буцетот, беше прашан во врска со потерницата распишана по екс премиерот, Никола Груевски, за сто тој рече дека не верува дека тој би си дозволил да избега. „Не верувам дека господинот Груевски би си го дозволил тоа, барем според она што тој до сега …

Заев: Не верувам дека Груевски ќе си дозволи да бега Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Се води хајка против Груевски


„Однародената и криминална власт вечерва го допре дното и потврди дека Република Македонија нема институции туку само инструменти на криминалниот картел кои се злоупотребуваат за политички пресметки“, обвини ВМРО-ДПМНЕ. „Единствениот политичар аболициран за тежок криминал, Зоран Заев нарачал медиумите да бидат повикани пред домот на пратеникот и почесен Претседател на ВМРО ДПМНЕ , Никола Груевски …

ВМРО-ДПМНЕ: Се води хајка против Груевски Read More »

Потерницата по Груевски објавена на сајтот на МВР


Откако поранешниот премиер Никола Груевски не се јави на издржување на затворската казна во затворот во Шутка, а судот побара од МВР да распише потерница, полицијата веднаш го стори тоа, а потерницата веќе е објавена и на сајтот на МВР во делот „Потраги“. Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје …

Потерницата по Груевски објавена на сајтот на МВР Read More »

Ахмети гласаше против Груевски


Али Ахмети го стисна зеленото копче „за“ во Собранието за да му биде одземен пратеничкиот мандат на Никола Груевски, кој правосилно е осуден на двегодишна затворска казна поради случајот „Тенк“. Осумгодишните партнери во Владата неславно ја завршија својата соработка, што почна да се ниша по неуспешниот обид да формираат коалиција по парламентарните избори во 2016 …

Ахмети гласаше против Груевски Read More »

Одбиена и последната жалба на Груевски


Кривичниот совет ги одби жалбите на експремиерот Никола Груевски и на неговите адвокати, кои бараа одложување на затворската казна. Според процедурата, решението ќе му биде испратено. Доколку не го прими на куќната адреса, тогаш ќе му биде врачено во судот. Првото следно рочиште на кое треба да се појави Груевски е закажано в понеделникот во …

Одбиена и последната жалба на Груевски Read More »

Оди ли утре Груевски в затвор?


Неизвесно е дали експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, утре ќе започне да ја издржува двегодишната затворска казна изречена за случајот „Тенк“ за набавка на блиндираниот „мерцедес“. Адвокатите на Груевски ја искористија и последната можност за жалба до Кривичниот совет на судот, откако претходно беше одбиена молбата со која бараа да се одложи издржувањето …

Оди ли утре Груевски в затвор? Read More »

Собранието ќе расправа за одземањето на мандатот на Груевски


Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе расправа за барањето од судот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Претседателот на Комисијата Павле Богоевски во петокот го доби барањето од Судот од претседателот на Собранието Талата Џафери и имаше рок …

Собранието ќе расправа за одземањето на мандатот на Груевски Read More »

Одбиено барањето на Груевски, во четврток да се јави во затвор


Судијата за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1 ја одби молбата на поранешниот премиер Никола Груевски за одлагање на затворската казна. Решението на судија за извршување санкции е испратено на странките во постапката кои имаат право на жалба против во рок од три дена до Кривичниот совет. Груевски е осуден на две години затвор во …

Одбиено барањето на Груевски, во четврток да се јави во затвор Read More »