Одбиено барањето на Груевски, во четврток да се јави во затвор


Судијата за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1 ја одби молбата на поранешниот премиер Никола Груевски за одлагање на затворската казна. Решението на судија за извршување санкции е испратено на странките во постапката кои имаат право на жалба против во рок од три дена до Кривичниот совет.

Груевски е осуден на две години затвор во случајот „Тенк“. Во четврток треба да се јави во затворот „Скопје“.

Двете причини на кои се повикува Груевски се обврските што ги има како пратеник пред се поради актуелните процеси во Собранието поврзани со уставните измени. Втората причина е поврзана со докторатот кој го одбрани летоска односно врз основа на докторската теза да напише книга.