Одбиена и последната жалба на Груевски


Кривичниот совет ги одби жалбите на експремиерот Никола Груевски и на неговите адвокати, кои бараа одложување на затворската казна. Според процедурата, решението ќе му биде испратено. Доколку не го прими на куќната адреса, тогаш ќе му биде врачено во судот. Првото следно рочиште на кое треба да се појави Груевски е закажано в понеделникот во 9.30 часот за случајот „Титаник“.

Со ова, се исцрпени сите правни можности за одлагање на затворската казна. Груевски се жалеше и до Врховниот суд поради пресудата за случајот „Тенк“, но решението од таму не се очекува во скоро време.