Потерницата по Груевски објавена на сајтот на МВР


Откако поранешниот премиер Никола Груевски не се јави на издржување на затворската казна во затворот во Шутка, а судот побара од МВР да распише потерница, полицијата веднаш го стори тоа, а потерницата веќе е објавена и на сајтот на МВР во делот „Потраги“.

Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ – е тексот со кој е проследена фотографијата.

Полицајците го побараа Груевски во неговиот стан, но никој не им отвори, по што тие слегоа пред влезот на зградата.

Засега нема информации каде е Груевски и дали полицијата го лоцирала.  Од МВР велат дека ќе ја информираат јавноста штом ќе имаат конкретни сознанија од постапувањето по потерницата.