Полицијата го бара Груевски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ


Полицијата ги претресува возилата кои излегуваат од паркингот на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на градот, пренесува Радио Слободна Европа.

Ова е уште еден обид на полицијата да го најде поранешниот премиер Никола Груевски откако претходно вечерва полицајците двапати влегоа во зградата во која живее, но не успеаја да го пронајдат во неговиот стан.

Во меѓувреме, во дел од медиумите се појавија шпекулации дека Груевски се наоѓа во седиштето на партијата.