„Специјалните“ си одат, но пак ќе ги водат случаите


Советот на јавни обвинители денеска ќе расправа за статусот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство. По разрешувањето на нивната шефица Катица Јанева, се очекува формално да биде констатирано оти завршува и нивниот мандат. Според законот, мандатот на обвинителите не може да го надмине мандатот на специјалната јавна обвинителка. Десеттемина обвинители потоа ќе се вратат во …

„Специјалните“ си одат, но пак ќе ги водат случаите Read More »

Тактизирање со Јанева: Нејзиното разрешување ставено на пауза


Парламентарното мнозинство во парламентот денеска со 58 гласа „за“ го отфрли предлогот на опозицијата да гласа за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. Пратениците од владеачките партии објаснуваат оти сакале да се дополни дневниот ред на седницата. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека ова е последна седница на Собранието пред 15 септември кога и законски истекува мандатот …

Тактизирање со Јанева: Нејзиното разрешување ставено на пауза Read More »

Заев не е сигурен: Можно е Камчев да ме снимал


Премиерот Зоран Заев не ја исклучува можноста да бил сниман додека разговарал со Орце Камчев, имајќи го предвид искуството што со бизнисменот го имаа Бојан Јовановски и Катица Јанева. Во интервју за „Фокус“, претседателот на владата вели дека не може да биде сигурен. „Не можам да кажам дали ме снимал. Ако снима секаде, можно е …

Заев не е сигурен: Можно е Камчев да ме снимал Read More »

Јовески за „Независен“: Најважно е предметите да бидат „живи“


Државниот обвинител, Љубомир Јовески во изјава за „Независен весник“, вели дека сѐ уште е рано да се разговара кој од обвинителите ќе ги преземе предметите на Специјалното јавно обвинителство, односно дали е можно по нив да продолжат да постапуваат специјалните обвинители. „Тоа се технички прашања. Важно е и да се види дали партиите ќе успеат …

Јовески за „Независен“: Најважно е предметите да бидат „живи“ Read More »

Јовески ги прифати предметите на Јанева


Јавното обвинителство пред малку одлучи да ги прифати предметите од СЈО. Со тоа, Специјалното јавно обвинителство заминува во историја по четиригодишно постоење. Одлуката следуваше по барањето на Катица Јанева испратено од затворот во „Шутка“ каде што е во притвор поради случајот „Рекет“. Обвинителството со кое што раководи Љубомир Јовески ќе одлучи кој че работи по …

Јовески ги прифати предметите на Јанева Read More »

Сопругата на Фрчкоски ќе ја брани Јанева


Сопругата на професорот Љубомир Фрчкоски, Ирена Фрчкоска, е нов адвокат на осомничената специјална обвинителка, Катица Јанева, откако адвокатот Стеван Павлески, ѝ го откажа полномоштвото. Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување во истрагата „Рекет“.

Случај „Рекет“: Ќе ги потфати ли истрагата високите функционери?


Шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева доби 30-дневен притвор за случајот „Рекет“, но експертската јавност порачува дека проширување на истрагата мора да има бидејќи спроведувањето темелна истрага не значи сведување само на тројцата осомничени. Јанева не смее да се претвори во жртвено јагне туку треба да се откријат сите помагатели. Управата за јавни приходи …

Случај „Рекет“: Ќе ги потфати ли истрагата високите функционери? Read More »

Никој не знае каде е Орце Камчев


Истрагата за случајот „Империја“ застана по донесувањето на начелното правно мислење и затоа е потребно што побрзо донесување на Законот за јавно обвинителство, изјави јавната обвинителка Лиле Стефанова. „Нема друго решение. Само новите одредби кои ќе го вклопат СЈО и ќе му дадат право на редовното Јавно обвинителство да ги презема сите дејствија и во …

Никој не знае каде е Орце Камчев Read More »

Стефанова: Од самиот старт на СЈО се оградив од Јанева


Обвинителката Лиле Стефанова по денешното рочиште за случајот „Титаник“ истакна дека СЈО во моментот е во најтешкиот период. Таа тврди дека нема амбиција да ја завземе челната позиција во СЈО. „СЈО во во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби што ги имала од основањето до денес. Затоа апелирам политичарите, сите чинители во …

Стефанова: Од самиот старт на СЈО се оградив од Јанева Read More »

Дескоска: Ако нема закон за обвинителство – имаме друга опција


Изгласувањето на законот за обвинителство ќе биде посебен предизвик затоа што гласови и поддршка треба да добиеме од лица што се осомничени или обвинети за кривични дела, или од политички партии против чии членови на раководства се водат судски постапки. Камен на сопнување во преговорите со опозицијата воопшто не е Катица Јанева бидејќи нејзиниот мандат …

Дескоска: Ако нема закон за обвинителство – имаме друга опција Read More »

Слушајте го претседателот


Претседателот Стево Пендаровски покажа како да треба да се однесува одговорен политичар, особено кога е на функција. Во само неколку поенти, шефот на државата го кажа тоа што го мисли секој слободоумен граѓанин: истрагата за случајот „Рекет“ не е брза и темелна, обвинителите си заминаа одмор небаре станува збор за редовен предмет, разочараноста во општеството …

Слушајте го претседателот Read More »

Интервју со Давидовиќ за „Рекет“: Обвинителството се однесува нелогично и непрофесионално


Двете снимки што ги објави италијанскиот весник на одреден начин и ги појаснуваат и ги заплеткуваат работите. Изгледа ли логично за некој што е уценет и потоа рекетиран да биде насмеан, расположен, па дури и да делува среќно и весело кога објаснува како ја одбрал торбата? -Снимките кои ги објави италијанскиот весник ги појаснуваат работите …

Интервју со Давидовиќ за „Рекет“: Обвинителството се однесува нелогично и непрофесионално Read More »

Се огласи и Јанева: Лицето О.К., требаше да стане сведок


Специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева и натаму демантира поврзаност со случајот „Рекет“. На денешното трето продолжение од снимките што ги објави италијанскиот „Ла Верита“, се слушаат разговори меѓу неа и Орце Камчев, кои таа не ги спори. „Во врска со денешните снимени разговори презентирани на порталите, повторувам дека во интерес на предистрагите и …

Се огласи и Јанева: Лицето О.К., требаше да стане сведок Read More »

Јовески: Не штитиме никого во „Рекет“, сите ќе бидат распитани


Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески вели дека секој инволвиран во случајот „Рекет“ ќе биде распитан. Во изјава за „Независен весник“, тој вели дека истрагата работи на обезбедување докази, по што ќе нема поштеда за никого. „Како што е познато, во тек е истражната постапка за овој случај. Истражните дејствија, јавниот обвинител ги презема за да …

Јовески: Не штитиме никого во „Рекет“, сите ќе бидат распитани Read More »

Сопруга на вработен во СЈО потпишала дека Катица е болна


Директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова го издала боледувањето за специјалната обвинителка Катица Јанева, а нејзиниот сопруг, Методи Цилков е вработен во приемното одделение на СЈО, објави Телма. И двајцата по потекло се од Гевгелија од каде доаѓа и Јанева. Пратеникот Антонио Милошоски објави дека Јанева добила боледување во периодот од 16 јули …

Сопруга на вработен во СЈО потпишала дека Катица е болна Read More »

„Не“ за Русковска: Владиниот партнер Африм Гаши ја сака Фатиме Фетаи место Јанева


Алтернатива на Африм Гаши, која е коалициски партнер во владата на Зоран Заев, ја предлага Фатиме Фетаи за шефица на новото Обвинителство за организиран криминал и висока корупција. „Сега, кога треба да се избира новото име за управување со новото Обвинителство, Aлтернатива – како партија која повеќе од сé се грижи за правна држава и …

„Не“ за Русковска: Владиниот партнер Африм Гаши ја сака Фатиме Фетаи место Јанева Read More »

Мицкоски: Заев е во очај, па измислува дека имам контакт со Боки и со Кичеец


Последните случувања во врска со случајот „Рекет“ не треба да имаат последици врз европерспективите на земјава, смета евроамбасадорот Самуел Жбогар. Напротив, како што вели, активностите што ги презема Јавното обвинителство претставуваат функционирање на владеењето на правото. „Сметам дека она што моментално го презема Јавното обвинителство е демонстрација на функционално владеење на правото. Самиот факт дека …

Мицкоски: Заев е во очај, па измислува дека имам контакт со Боки и со Кичеец Read More »

Последното интервју на Јанева за „Независен“: Пак ќе конкурирам за прв човек на СЈО


Во април годинава, Катица Јанева даде интервју за „Независен весник“, во кој најави оти по истекот на мандатот во септември, ќе конкурира за нов мандат како прв човек на Специјалното јавно обвинителство. Во интервјуто, таа зборува и за предметот „Империја“, во кој осомничен беше и Орце Камчев, случај што сега ја раздрма јавноста. Јанева даде …

Последното интервју на Јанева за „Независен“: Пак ќе конкурирам за прв човек на СЈО Read More »

Оставки и апсења за договор или за избори


Заглавените политички процеси во земјава вчера беа придвижени од драматични случувања што би можело да помогнат во одврзувањето на јазолот. Додека премиерот Зоран Заев држеше прес-конференција во Владата, на која на лидерска средба ги повика првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на Алијансата за Албанците, специјалната обвинителка Катица Јанева ја соопшти својата оставка, а на …

Оставки и апсења за договор или за избори Read More »

Мицкоски го пречкрта СЈО, власта ќе брка 80 гласа како за името


Владата е подготвена да собира 80 гласа во парламентот што ќе му го продолжат животот на Специјалното јавно обвинителство доколку ВМРО-ДПМНЕ остане на тврдиот став дека Катица Јанева и нејзиниот тим можат да бидат само дел од Јавното обвинителство. Кампањата за претседателските избори ги запре средбите меѓу работните групи на власта и на опозицијата, а …

Мицкоски го пречкрта СЈО, власта ќе брка 80 гласа како за името Read More »