Скопје заедно со Берлин ја одбележа премиерата на биографскиот филм за Мајкл Џексон


Синеплекс во Сити мол во Скопје,  синоќа, на македонската премиера на „Мајкл“, биографскиот филм на кралот на попот, Мајкл Џексон, ечеше со најголемите хитови кои ја сменија светската поп-сцена, пред проекциите во неколку сали. Фоајето беше тематски декорирано, во стилот на Џексон, кој се уште е на врвот со музиката, танцот, спотовите и модата. Се пиеја коктели наречени по неговите песни, а околу гостите шеташе македонска верзија на Мајкл Џексон, со  препознатливите шапка и ракавици. Публиката реагираше емотивно-комбинација од носталгија и љубопитност за приказната зад неговиот живот. Особено помладата публика дојде да го запознае ликот, додека постарите фанови ја доживеаја премиерата како омаж.

Во Берлин, семејството Џексон се собра за светската премиера. Моментот на црвениот тепих брзо привлече внимание, не само поради филмот, туку и поради силното семејно присуство. Обожавателите се фокусираа и на синот Биги Џексон, познат и како Бленкет, бидејќи многумина истакнаа колку многу личи на својот татко.

Премиерата на „Мајкл“ собра неколку членови на семејството Џексон, вклучувајќи ги Џеки, Џермејн, Марлон, Принс и Биги Џексон. Тие позираа за фотографии и ги поздравија обожавателите кои се собраа пред местото на одржување. Настанот се чувствуваше како прослава на наследството и влијанието на Мајкл Џексон, кој почина во 2009 година, на само 50 години. Проектот го продуцира Грахам Кинг, познат по успехот на ,,Bohemian Rhapsody”, додека режијата е на Антон Фукуа

Во филмот глуми Џафар Џексон, внук на Мајкл, кој ја презема улогата на легендарниот пејач. Неговиот кастинг беше тема на разговор, особено поради неговата блиска врска со семејството. Во актерската екипа се и Колман ДомингоМајлс Телер и Ниа Лонг. Холивудските медиуми објавија дека филмот имал буџет од 155 милиони долари.

Филмот „Мајкл“ и што да очекувате

Биографскиот филм „Мајкл“ го следи патувањето на пејачот од неговите рани денови со „Џексон 5“ до неговиот подем како глобална икона. Ги истакнува клучните моменти во неговата кариера, вклучувајќи ја неговата музика, настапи и лични предизвици. Филмот има за цел да прикаже детален поглед на неговиот живот, славејќи ги неговите достигнувања.

Првите проекции укажуваат на силен интерес за филмот, со очекувања за висок отварање на кино благајните. Вклученоста на семејството Џексон, исто така, го зголеми очекувањето. За многу фанови, филмот е уште еден начин повторно да се поврзат со приказната на Мајкл Џексон.

 

Вонсериска кариера

Албумот на Џексон, Трилер (1982) е најпродаван албум на сите времиња. Неговите други албуми, како Off the Wall, Bad, Dangerous и HIStory, исто така се рангираат меѓу најпродаваните музички материјали на светот. Џексон е еден од ретките уметници што бил примен во Куќата на Славните на Рокенролот двапати. Тој исто така бил примен во Куќата на славата за автори и песни. Некои од другите негови многубројни достигнувања се вклучени во списокот на Гинисовите рекорди,вклучувајќи ги 13 Греми награди; 26 Греми награда за животно дело (повеќе од било кој друг уметник, вклучувајќи ја и наградата Уметник на векот) а освен тоа има продадено над 750 милиони албуми низ целиот свет. Џексон добил стотици награди, кои го направиле еден од најнаградуваните музичари во историјата на музиката. Тој исто така бил значаен хуманитарист и филантроп, донирајки стотици милиони долари за добротворни цели и поддржувајки повеќе од 39 хуманитарни организации. (Л.С.)