Северина го одложи концертот во Скопје од здравствени причини
Поради здравствени причини на Северина, следните концерти, односно концертот во Скопје и концертот во Копривница, се презакажуваат за нови датуми.
Концертот во Скопје кој беше закажан за 18 април во арената „Борис Трајковски“, се презакажува за 5 декември 2026.
„Сите купени билети ќе важат за новиот термин. За оние кои нема да бидат во можност да присуствуваат на новиот датум, ќе биде овозможено враќање на средствата во рок од 10 дена, со приложување на билетите на местото на купување, а за онлајн билетите преку e-mail: [email protected]
Ве известуваме дека рефундацијата на средства завршува на 21.04.2026 и овој датум е конечен.
Затоа, Ве замолуваме навремено да си ја извршите оваа обврска“, објави организаторот, Прагма продукција.