Румен Радев се сретна со Пендиков, му честиташе што го одбранил „бугарското име“


 

Бугарската држава нема да толерира насилство врз Бугарите во Македонија и врз нејзините граѓани и ќе ги користи сите национални и меѓународни инструменти за заштита на нивните права.

Ова го изјави шефот на државата Румен Радев на средбата во претседателската канцеларија со охриѓанецот Христијан Пендиков, кој денеска беше отпуштен од болница во Софија кде беше пренесен на лекување по претепувањето.

„Институциите во Македонија мора со дела да докажат дека не се соучесници во децениската омраза кон Бугарија, чиј резултат е палењето и пукањето во културните клубови и насилството врз македонските Бугари и бугарските граѓани. Одговорните за нив треба да бидат разоткриени и ефективно казнети“, потенцира Радев.

Според него, односот на Македонија кон „злосторствата од омраза врз македонските Бугари е од клучно значење не само за билатералните односи, туку и за европската перспектива на земјата“. Радев изјави дека Бугарија ќе ги следи постапките на македонските институции за да го гарантираат животот и здравјето на своите граѓани, кои и покрај системската репресија продолжуваат да го бранат својот бугарски национален идентитет.

„Вклучувањето на Бугарите во уставот на РСМ е гаранција за нејзината европска перспектива, како и за вистинската посветеност на институциите за искоренување на јазикот на омраза кон Бугарија и Бугарите и спроведување на билатералниот договор за добрососедство“, посочил тој.

Претседателот Румен Радев упати честитки до мајката на Христијан Пендиков што одгледала достоен син, а на Христијан за храброста да го одбрани своето бугарско име.