Мицкоски ќе нема класичен одмор, ќе оди осум дена на „екскурзија“ во Белгија


Фото: Б. Грданоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема да оди на класичен годишен одмор, туку на еден вид екскурзија во Белгија. Одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета на Битола, тој рече дека ќе биде заедно со семејството.

„Во суштина нема да имам класичен одмор, ќе биде еден вид екскурзија. Со семејството ќе бидам една недела во Белгија. Четири дена во Бриж, четири дена во Брисел“, кусо одговори Мицкоски.